Д-р Маја А. Викторијоски е специјалист педијатар, дама со впечатлив моден стил, тетоважи и страст за јога и цртање
Една што ми е посебно драга е направена според мој цртеж кој го направив во еден за мене тежок период, и ме отсликува мене и мојата емоционална состојба.
Цртањето во последно време е една од моите страсти и моменти кога се опуштам и можам да се исклучам со часови.
Како мала многу сакав да цртам и сега повторно ми се врати таа желбата, и тоа случајно.
Набрзо откако се вселивме во нов стан, едниот ѕид што е во кујната, децата тогаш помали, го имаа испрскано со сок. И нормално, морав да смислам решение затоа што претпоставував дека тоа може повторно да се случи, така што најдов боја со која ѕидот го претвораш во табла и на која може да се пишува со креда.
Maja со ќерките
И, на почеток, нели интересно на сите, чкртавме, пишувавме, но мене секое поминување ме провоцираше да пробам да нацртам нешто. И така почнав, прво со креди, поедноставни цртежи, потоа со совети и помош од мојот сопруг, кој е академски сликар и фотограф, почнав и со сув пастел и секој цртеж ми беше, за мене, сè покомплициран, но и поуспешен.
Јогата е, исто така, неизоставен дел од мене, каде и да сум. Отсекогаш сум била физички активна, вежбање вакво или такво, долги години трчав, и случајно после едно изгледано видео со јога, ме заинтригира дали би можела и јас тоа да го правам.
И така почнав, прво сама, потоа во јога студио и буквално се заразив со јога.
Сакам многу и читам книги, тоа ми е наследено од моите родители.
Maja со сопругот
Мотоциклите се хоби на мојот сопруг, јас дури имам и страв, но понекогаш знам да се качам со него или евентуално само да се сликам.
Сакам да се дружам, но не по секоја цена и со секого. Не се опуштам лесно во нови познанства и честопати оставам впечаток на арогантна, додека всушност повеќе сум срамежлива.
Мојот избор на луѓе не се базира на статус, професија или интереси, туку на личности. Со секого можам да најдам заеднички јазик, но не и секого да губам време. За мене, важен е квалитетот на односот, а не бројот на познанства.
Фамилијата ми е секогаш на прво место. Моите родители ни овозможија мене и на сестра ми прекрасно детство, полно со спомени на кои секогаш со задоволство се навраќам. Тие и денес се нашата најголема поддршка и основа за секој чекор што го правиме.
Мојата сестра, исто така, игра огромна улога во мојот живот. Многу сме поврзани и иако имаме различни патишта, секогаш сме тука една за друга.
Да се биде млада мајка беше моја планска одлука, како типична Девица во хороскоп, што сака сè да биде на свое место.
Денес сум горда на две големи ќерки, со кои имам однос што не е класичен на мајка и ќерки – ние сме и најдобри пријателки. Тие се мојата најголема радост и поддршка, инспирација за сите предизвици што животот ги носи.
Мајчинството никогаш не ми беше пречка за остварување на професионалните амбиции.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111533_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113087_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113558_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107652_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114550_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_111948_400.jpg)