Урбан лик: Бојан Ковачевски е вљубеник во мотоцикли, тетоважи и маж со специфичен моден стил
Навики од секојдневие и на која си најгорд?
Првото кафе, и крајот на денот ми се секогаш исти, почнуваат и завршуваат во апсолутна тишина.
Сè помеѓу утрото и вечерта се трудам да биде поразлично од претходниот ден. Ниту сакам да има нешто во тој период што би го правел од навика.
Најгорд сум на својата дисциплина за да истраам во што и да правам.
И секогаш откривам дека може уште повеќе да ги поместувам границите на мојата дисциплина.
Зошто Куманово е твој град?
Не само поради тоа што сум роден и живеам тука, туку затоа што е потполно исто како мојот карактер. Никогаш не потклекнало пред предизвиците. Докажано во историјата дека ќе биде прво кое ќе застане пред неправдите.
Куманово е како ниту еден друг град.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело