Миријам од Мексико живее во Македонија: „Во Маврово првпат видов снег, многу луѓе знаат шпански поради теленовелите“

„Нашата храна во Мексико е заснована на тортилја и грав, а овде скоро сè е печено што беше новост за мене. Во Мексико повеќето семејства ја користат рерната како место за чување тави (хаха). Ретко кога печеме нешто, храната ни е повеќе пржена или варена“, раскажува Миријам од Мексико која од 2020 година живее во Скопје со сопругот Македонец.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-01.jpg

Миријам Хернандез Круз од Пуебло, Мексико, пред четири години се венчала со сопругот Македонец и сега живее во Скопје.

Тие се запознале додека и двајцата работеле на брод, а денес, како што вели Миријам, се одлучиле за помирен живот во престолнината на Македонија.

33-годишната Миријам и сопругот имаат и едно дете, а таа вели дека се среќни овде и засега немаат планови да одат во Мексико.

За CRNOBELO.com, Миријам ја раскажува нејзината љубовна приказна, но открива и како се снаоѓа во Македонија.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-8.JPG

Целото интервју во продолжение:

Кога и каде се сретнавте со сопругот?

Двајцата работевме на крузер – Марјан од 2012, а јас од 2016-та, но се запознавме дури во мај 2019-та.

Бевме на истиот брод и си поминавме одлично додека посетувавме убави дестинации, и кога по три месеци ни завршија договорите, се вративме дома. Јас во Мексико, а тој во Македонија.

За време на одморите имавме тешкотии.

Прво компанијата за којашто работевме му понуди на Марјан повисока позиција, за која тој имаше аплицирано пред неколку години.

Но, условот беше да го префрлат на друг брод. Па, тој одлучи да ја одбие понудата бидејќи сакавме да бидеме заедно.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-6.JPG

Тогаш јас добив предлог да одам во Азија, да заменам девојка на друг брод, па морав да инсистирам да се вратам на истиот брод, за да бидам повторно со Марјан.

По два месеца дома, тој почна со работа на бродот, а две недели подоцна и јас отидов на истиот брод.

Конечно бевме заедно и по еден есец, компанијата за последен пат му понуди унапредување на Марјан.

Мораше да прифати бидејќи немаше втора можност, па во ноември 2019-та, тој беше префрлен на друг брод на Карипските Острови.

Чекав до јануари 2020 и јас да бидам префрлена на истиот брод, па патував од Кадиз, до Јерез, до Мадрид, до Мајами и конечно пристигнав во Порторико за да се сретнам со мојата љубов.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-7.JPG

Бевме многу среќни што повторно сме заедно, но во февруари истата година, поради пандемијата, бродот престана со работа.

Бевме заглавени на бродот 3 месеци, а се вративме дома во јуни.

Околу еден и пол месец подоцна, отидов во Скопје за да го сретнам семејството на Марјан и да ја истражам Македонија.

Но, тој ме запроси на 2-ри ноември, а се венчавме на 18-ти ноември.

Па, еве ме овде, четири години подоцна.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-3.JPG

Раскажи ни нешто повеќе за запросувањето…

Ме запроси во Градскиот парк и навистина ме изненадни бидејќи беше најобичен ден.

Тој често играше табла со еден негов пријател и тоа утро ми рече да одиме во Парк за да играат.

Кога пристигнавме, Марјан имаше пуштено кубанска салса музика која ја сакаме и двајцата.

Почнавме да танцуваме и неговите пријатели почнаа да снимаат.

Мислев дека снимаат бидејќи им беше интересно што танцувавме на латино музика, но тие сакале да го уловат моментот кога Марјан го извади прстенот и ме побара за жена.

mirijam-od-meksiko-zhivee-vo-makedonija-vo-mavrovo-prvpat-vidov-sneg-mnogu-lugje-znaat-shpanski-poradi-telenovelite-4.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg