Маја од Неготино е холистички терапевт: „Терапиите ги смируваат дечињата кои имаат трауми, а помагаат и кај жени за неплодност“

„По сесиите со децата, многу родители забележуваат намалување на тантрумите и агресивното однесување, особено во периоди на емоционална нестабилност. Со едно бебе работам од моментот кога е родено и Реики му помогна да се опушти и лесно да помине низ грчевите во стомакот, растењето на запчињата, честото плачење и спиењето“ – раскажува за CRNOBELO.com, Маја од Неготино, холистички терапевт.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-01.jpg

Сесиите со Реики во атмосфера на љубов и внимателност од страна на неговата мајка значително му помогнаа да се чувствува безбедно.

Маја Митрова Стевановиќ на социјалните мрежи и за нејзините клиенти е позната како Маи Реи. Таа е дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност, но во последните неколку години активно работи како холистички, духовен и енергетски терапевт.

Таа е по потекло од Неготино, но во последните години живее на Флорида во САД, а знаењата стекнати таму ги пренесува на клиентите во Македонија. Успешно реализира онлајн програми за духовно исцелување, а доказ за нејзината успешна работа се големиот број пофалби и позитивни коментари на социјалните мрежи.

„Пишувањето, читањето и духовноста се моите најголеми страсти, а нивната синергија ми овозможува да создавам трансформациии и благосостојба кај себе и кај другите“ – вели Маја за себе.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-04.jpg

Таа за читателите на CRNOBELO.com накратко ни појасни што значи да се биде духовен и холистички терапевт и како Реики учењето и методата може да им помогне на луѓето што ја практикуваат.

Во продолжение проследете го целото интервју со Маја:

Појаснете ни накратко што значи да се биде холистички духовен терапевт и енергетски терапевт?

Да се биде холистички духовен и енергетски терапевт значи да се има разбирање за човечкото битие како целина – физички, ментално, емоционално и духовно.

Оваа професија бара не само познавање на различни техники, туку и чувствителност, лично искуство, интуиција и способност да се избере вистинската техника во вистинскиот момент, според потребите на клиентот.

Преку методи како Реики, Diamond Soul Healing, моите уникатни форми на медитации, техники на дишење (breathwork) и други методи – сите тие ја балансираат енергијата и носат внатрешен мир и хармонија.

Значи, холистичкиот пристап подразбира не само третирање на симптомите, туку откривање и отстранување на длабоките причини за дисбалансот во телото и духот.

Преку енергетските терапии, се ослободуваат блокадите, се намалува стресот и телото ја враќа својата природна енергија.

Верувам дека секој може да ја активира својата внатрешна сила и да постигне состојба на баланс и благосостојба преку холистичката терапија.

Како што телото има моќ да се само-заздравува, така и енергијата тече и го враќа балансот, само треба да ѝ се дозволи да го направи тоа.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-10.jpg

Каде најпрво имавте можност да се запознаете со техниките што денес ги промовирате и што е она што ве натера да се одлучите да го работите тоа што го работите денес?

Моето патување започна во Македонија, каде што се сретнав со различни духовни техники како Екскалибур, Креатон, Аспектика, Реики кои ми помогнаа да искусам длабока трансформација.

Преселбата во Флорида беше клучен чекор каде се стекнав со нови знаења како Сома дишење (Soma Breathwork), шаманско лекување и други напредни техники, кои ми овозможија да го продлабочам моето знаење, а со тоа и искуството на клиентите.

Она што ме натера да го работам ова е фактот што видов како овие техники навистина помагаат.

Имав потреба од нив и ги применував на себе за да дојдам до својот внатрешен мир.

Потоа почнав да применувам Реики на домашни миленичиња и растенија. Искуството беше неверојатно.

Откако ја стекнав довербата во нив, донесов одлука дека сакам ова искуство да го доживеат и другите.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-09.jpg

Знаат ли Македонците што е холистичка и енергетска терапија? Заинтересирани ли се за услугите што ги нудите?

Да, свесноста за холистичките и енергетските терапии расте во Македонија.

Сè повеќе луѓе разбираат дека духовното здравје е исто толку важно колку и физичкото.

Македонците покажуваат зголемен интерес за овие услуги, особено бидејќи нудат длабока трансформација и ослободување од емоционални и енергетски блокади.

За кои проблеми најчесто бараат совети и помош?

Луѓето најчесто бараат помош за надминување на анксиозност, емоционални блокади, стравови и трауми кои ги попречуваат во личниот развој, но исто така сè почесто бараат помош и за нивните деца.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-11.jpg

Од колку години може да се применува Реики?

Реики може да се применува од 0+ години. Нема граници!

До неодамна, со деца работев само со Реики, но сега со радост започнувам да формирам групи за деца од 8+ години со кои работиме техники на дишење (breathwork) и медитација.

Децата се природно интуитивни и брзо ги усвојуваат овие практики, кои им помагаат да се справат со стравови, анксиозност и немир.

Преку децата ја спасуваме иднината, бидејќи тие носат огромна светлина во себе.

Обожавам да ги учам малите за важноста на медитацијата и дишењето, бидејќи овие техники не само што им помагаат да се чувствуваат поврзано со себе, концентрирано и балансирано, туку ја зголемуваат и нивната продуктивност во образованието и ја намалуваат хиперактивноста.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-08.jpg

Како влијаат третманите врз децата и кои се првите разлики што се забележуваат во нивното однесување?

Кога зборуваме за третман на деца со Реики, сакам да истакнам дека овој метод може да донесе значителни позитивни промени во нивното однесување и општа благосостојба.

Реики е нежна и неинвазивна техника која делува на енергетско ниво, помагајќи им на децата да се чувствуваат посигурно, посмирено и поконцентрирано.

Децата често реагираат многу позитивно на Реики.

По сесиите, многу родители забележуваат намалување на тантрумите и агресивното однесување, особено во периоди на емоционална нестабилност.

Со Реики, децата не само што се смируваат, туку и полесно управуваат со своите емоции. Позитивното влијание се манифестира и во подобрување на сонот, намалување на немирот, стравот, а исто така и во физичките симптоми како болка, температура, грчеви или непријатности при раст на забчиња кај бебињата.

Кога работам со нив, смиреноста е веднаш забележлива. Родителите често гледаат како тие стануваат поопуштени и подобро спијат по сесиите, што значи дека Реики не само што помага во смирување, туку и го подобрува квалитетот на нивниот сон.

Ќе ви дадам пример со едно бебе, со кое работам од моментот кога е родено и преку кое се уверив колку Реики може да биде корисно за малечките души. Бебињата често поминуваат низ неколку предизвици по раѓањето, како што се адаптацијата на новата средина и физичките симптоми поврзани со растот.

Со Реики, забележавме значителни подобрувања во неговото општа благосостојба. Му помогна да се опушти и лесно да помине низ малите нелагоди, како што се грчевите во стомакот, растењето на запчињата, честото плачење и спиењето.

Сесиите со Реики во атмосфера на љубов и внимателност од страна на неговата мајка значително му помогнаа да се чувствува безбедно.

Реики енергијата му помогна не само на бебето, кое се адаптира на новата средина во градинка, туку и на мајката.

За многу мајки, вклучувањето на детето во градинка може да биде искуство полно со стрес и емоции.

Често чувствуваме загриженост за тоа како нашето дете ќе се приспособи и тоа може да создаде значителен притисок. Ова искуство, кое го следам од неговото раѓање до денес, е доказ за тоа колку Реики може да биде ефикасен за поддршка на бебињата и децата во нивниот развој, но и на мајките.

Тие заслужуваат нежност и поддршка на својот пат, а Реики може да биде значајна компонента во тој процес.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-13.jpg

Работите ли со трудници, како и со жени кои се соочуваат со потешкотии во забременувањето? Кои методи обично применувате?

Да, работата со трудници и жени кои се соочуваат со потешкотии во забременувањето е исклучително важна за мене.

Основниот метод кој го применувам со трудниците е Реики, која е нежна и неинвазивна техника за енергетско лекување. Реики помага на трудниците да се чувствуваат смирено и поврзано со своите бебиња, што е исклучително важно во текот на овој период.

Со жени кои се обидуваат да забременат, освен Реики, применувам методи за расчистување на несвесните блокади и трауми од минатото. Овие блокади често се поврзани со стресот, вознемиреноста и очекувањата кои можат да влијаат на нивната способност да забременат.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-06.jpg

Верувам дека многу жени се соочуваат со потешкотии при забременувањето поради овие емоционални предизвици.

Имам многу клиенти кои по сесиите за смирување и расчистување од стресот и траумите, успеале да забременат, секако, под услов да не постојат генетски или други медицински проблеми.

На мојот Instagram профил, објавувам сведоштва и искуства на жени кои го поминале овој процес, кои можете да ги видите во „highlights“.

Секој успех и секоја среќна вест од моите клиенти ми даваат поттик да продолжам со оваа важна работа и затоа во моментов работам на голем проект за создавање посебни програми за жени кои ќе бидат корисни и поддржувачки за сите жени.

Програми за трудници, за жени кои се соочуваат со потешкотии во забременувањето, за жени во менопауза и за жени кои се борат со дебелина.

Целта ми е да им овозможам дополнителна поддршка и насоки на нивниот пат.

Сметам дека овие теми се важни за жените и сакам да им помогнам да ја пронајдат својата внатрешна сила, која ќе им даде поддршка, разбирање, прифаќање, надеж, волја и зголемена самодоверба.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg