Маја од Неготино е холистички терапевт: „Терапиите ги смируваат дечињата кои имаат трауми, а помагаат и кај жени за неплодност“

Спомнавте за програми за жени во менопауза и за жени кои се борат со дебелина. Зошто мислите дека овие холистички методи можат да им помогнат и што најчесто од тој аспект придонесува за дебелината?

Холистичко духовните методи се многу корисни за жени кои се во менопауза или се борат со дебелина, бидејќи тие не се фокусираат само на физичките симптоми, туку ја вклучуваат и духовната, емотивната и менталната димензија.

Во периодот на менопауза, жените често доживуваат длабоки лични промени.

Тоа е период кој носи не само хормонални, туку и емоционални промени, а тоа може да влијае на целокупната благосостојба на жената.

Холистичко-духовните пристапи со кои работам, како што се медитацијата, енергетската работа, визуализацијата, длабокото дишење, звучната терапија, терапијата со кристали, балансирање на чакрите и слично, помагаат да се создаде внатрешна рамнотежа и мир, што е особено важно за жените кои минуваат низ оваа фаза од животот.

Со овие техники можеме да ја ублажиме анксиозноста и стресот, да го подобриме сонот и да го подигнеме енергетското ниво, што позитивно се одразува врз целокупното здравје.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-12.jpg

Кога станува збор за дебелината, често има повеќе фактори кои придонесуваат – од генетски до емоционални и психолошки.

Емоционалниот стрес, нерешените трауми (минати или сегашни), или духовните блокади, се едни од клучните причини зошто некои жени имаат тешкотии да го одржат здравиот начин на живот.

Холистичко-духовниот пристап им помага на жените да ги ослободат тие емоционални блокади и да се справат со стресот на подлабоко ниво. Кога жената ќе постигне емоционален баланс и духовен мир, започнува да се грижи повеќе за себе и своето ментално здравје, а тоа често води и кон физички промени – подобра контрола на тежината, повеќе енергија и свесност за своето тело.

Најважно е да нагласам дека секоја жена има внатрешна сила, способност и мудрост, која преку холистичко-духовните методи може да се разбуди. Овие методи помагаат жените да се поврзат со себе, со својот дух, да се прифатат себеси со љубов и да го најдат патот кон здравјето и благосостојбата.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-16.jpg

Спомнавте за работата со жени, но како стојат работите со мажите? Дали тие го прифаќаат холистичкиот духовен пристап? Дали мажите се јавуваат кај вас за некои специфични проблеми и за што најчесто?

Кога почнав со работа, мажите беа многу поретки во мојата пракса, но сега сум многу среќна затоа што нивниот број се зголемува. Искрено, тоа многу ме радува бидејќи се повеќе мажи чувствуваат потреба да се отворат емоционално и да ги срушат наметнатите бариери.

Тие се важна и значајна група во мојата пракса и честопати се јавуваат поради стрес, анксиозност, емоционални блокади, проблеми со самодовербата, физички болки во телото, што е често резултат на потиснати емоции.

Во денешното општество, каде што вредностите често се сведуваат на парите и успехот, мажите чувствуваат притисок дека треба постојано да се докажуваат. Ова создава дополнителен стрес и ги оддалечува од нивните вистински емоции.

Традиционалното учење им вели на мажите од најрана возраст дека срамота е да се жалат и да плачат, дека треба да се цврсти и силни поради полот. Но, всушност, важно е да се отворат и да се соочат со своите чувства.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-02.jpg

Во мојата работа, настојувам да им пружам поддршка и разбирање, поттикнувајќи ги да ги истражат своите емоции без страв од осуда.

Многу од моите клиенти откриваат дека отвореноста во врска со своите чувства не само што им помага да се ослободат од физичките болки, туку и да изградат поголема самодоверба, внатрешна сила и храброст.

Верувам дека и мажите можат да извлечат многу од холистичките методи.

Тие можат да пронајдат нови начини на справување со стресот и да научат како да бидат поосетливи и поприемчиви кон себе и кон другите. Секој успех, без оглед на тоа колку е мал, е важен чекор напред и поттик за понатамошен личен развој.

Жените и мажите треба да развиваат меѓусебна емпатија и разбирање. Иако постои сличност помеѓу нас, физички и по анатомија, сепак постојат и разлики во начинот на кој ги обработуваме емоциите.

На пример, кога жената се соочува со емоционални проблеми, таа често бара разговор и внимание, додека мажот се повлекува, обидувајќи се да ги реши работите самостојно. Оваа динамика е важна за разбирање на односите и комуникацијата за да се избегнат конфликти и недоразбирање.

Ја сакам оваа тема и би можела многу да зборувам за неа, но ќе ја оставам за моите програми кои ќе следат, во кои се надевам дека ќе создадам нов простор за дискусија и учење за тоа како да се изгради подобар однос помеѓу мажите и жените за да се избегнат конфликти и да се развие разбирање. Сè со цел за благосостојба и смирен живот.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-15.jpg

Вие живеете во Флорида, а еден дел се враќате во Македонија. Како вообичаено се одвиваат третманите и обуките кога не сте тука?

Третманите и обуките можат да се одвиваат и онлајн, бидејќи енергијата не познава граници, време и простор.

Работам како индивидуално, така и со групи, и моќта на групните сесии е навистина голема – во група енергијата се засилува, што води до подлабока трансформација.

Исто така, интернетот ни овозможува да се поврземе и да продолжиме со работата без оглед на тоа каде се наоѓаме.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-05.jpg

Раскажете ни нешто за животот на Флорида.

Македонија и Флорида за мене претставуваат спој на корените и новите можности. Македонија ми го дава темелот, чувството на припадност и инспирација, додека Флорида ми ги проширува хоризонтите со својата енергија и отвореност кон иновации.

Тука ги проширив своите знаења и го надградив мојот пристап преку техники што овозможуваат подлабока работа и искуства за моите клиенти.

Животот во Флорида е навистина преубав. Топлите температури, палмите, океанот и песокот навистина ја обновуваат и надополнуваат мојата енергија.

Кога се преселив, пространите плажи на кои секојдневно се одржуваат медитации, јога, звучни купки и слично, ми донесоа нови можности за мојата кариера.

Тука се обучив во техники и занимливи начини за практикување на истите, кои не можам да ги учам во Македонија, затоа што ги нема. Овие напредни алатки целосно го изолираат клиентот од надворешните влијанија, што ми овозможува да работам на длабочини што претходно не можев.

На крајот, ги поттикнувам читателите да веруваат во својата способност за промена и раст. Како што велат: „Токму во моментите на предизвик, откриваме кои сме навистина“.

Одделете време за себе, истражувајте нови практики и нека вашата внатрешна светлина ве води напред. Секој од нас има внатрешна сила што само чека да биде откриена. Дајте си го тој подарок – истражувајте, откривајте, и верувајте во себе.

maja-od-negotino-e-holistichki-terapevt-terapiite-gi-smiruvaat-dechinjata-koi-imaat-traumi-a-pomagaat-i-kaj-zheni-za-neplodnost-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Д-р Драгана Емел Маркоска, педијатар: „Магија за имунитет нема – не давајте антибиотик сами и не трч... „Здраво дете може да биде болно 7-8 пати годишно. Нормално е тоа, важно е да не ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg