Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став

Омилени модни додатоци...

Ремени и шешири.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-12.jpg

Тајната на добриот јавен настап е....

Подготовка и преправање дека не е јавен настап.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-02.jpg

Кои се вашите тајни за продуктивен ден?

Би сакала да имам тајни, ама не практикувам ништо поразлично од кој било продуктивен човек.

Сè е веќе познато - стани малку порано, остави го телефонот додека работиш, не се прејадувај на работа за да не ти се приспие, делегирај одговорности колку е можно повеќе, губи време и нерви само за работи кои можеш да ги смениш и гледај само напред, што поминало не може да се врати и само те успорува.

Особено обрни доволно внимание да бидеш продуктивен за викенд, а тоа, иако звучи парадоксално, значи - Убаво одмори!

Јас си го сфаќам одморот сериозно и тоа ми се чини е најпродуктивното нешто кај мене.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-19.jpg

Книга и филм кои ги читате/гледате одново и одново...

Последен пат да прочитам двапати иста книга се случило во 7-мо одделение – „Марта“ на Горјан Петревски.

Кога еднаш ќе прочитам книга, не ја отворам втор пат.

Имам премногу книги за читање за да ги повторувам. Во последно време не читам толку колку што би сакала.

Во моментот ја читам „Храброст да бидеш недопадлив“ (The Courage to be disliked) на Икиро Кишими и Фумитаке Кога. 

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-24.jpg

Филмовите кои ми оставиле впечаток сега уживам да ги гледам одново со децата.

Им велам дека ова се филмови - лектири, мора да ги гледате како класици. И ми се чини, дека тоа е многу убаво потрошено фамилијарно време.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-23.jpg

Најдобра животна лекција што ја имате научено и совет кој можеби би си го дале на помладата верзија од себе?

Најголемата љубов мора да ти биде таа кон себеси и ова го тврдам во најнесебична смисла, како мајка на две деца.

Ако не се сакаш себеси не можеш правилно да сакаш никого, па дури ни сопственото дете.

Убедена сум дека секој родител си го сака детето, но ако нема безусловна љубов кон првото човечко суштество кое ти е дадено на чување од раѓање, а тоа си ТИ, тоа ќе се рефлектира негативно врз детето.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-15.jpg

Сепак, најголемата животна лекција која сè уште не ми е за петка совладана, ја учам, па ја заборавам, па ја повторувам, па пак ја заборавам е да не се притресувам за безначајни работи.

Здравјето и семејството се важни, сè друго е споредно. 

Оваа Сузана на помладата Сузана би ѝ дала многу совети, а сигурна сум дека ниту еден не би послушала. Тоа е ок, затоа што низ негативните искуства најмногу растеме.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-14.jpg

Најдобрата лекција од родителите…

Que sera, sera! Што ќе биде, нека биде. Не како препуштање на судбината и непреземање одговорност за сопствениот живот, туку како прифаќање дека што и да се случи, ќе биде во ред.

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-08.jpg

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-22.jpg

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-20.jpg

inspirativna-zhena-suzana-e-advokat-od-skopje-vljubenichka-vo-trchanjeto-i-dama-so-stav-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg