Шришти Апурва од Индија живее 3 години во Македонија: „На почетокот ми пречеше што луѓето ме зјапаат“
Што работиш за живот? Колку трошоците за живот во Македонија се пониски/повисоки отколку во Индија?
Јас работам во ИТ. Благословена сум што имам работа на далечина.
Не живеам во Индија од почетокот на 2015 година и навистина трошоците за живот зависат од тоа во која држава во Индија живеете и колку удобен живот сакате да водите.
Во градовите кои важат за метрополи, како Калкута, Њу Делхи или Мумбаи, трошоците за живот се повисоки од Македонија.
Колку Македонците се разликуваат од Индијците во поглед на љубов, пријатели и работа?
Јас навистина не сум работела со Македонци, така што не би можела да го споредам работниот аспект.
Во однос на љубовта? Искрено, не мислам дека зависи од која земја припаѓаш, може да варира од личност до личност.
Индија, некогаш многу одамна имаше договорен брак, но како што напредуваме, не го гледаме тоа често.
Што се однесува до пријателите, ќе признаам дека ми беше тешко да склопам пријателства овде, но можеби беше до мене, бев затворена на почетокот.
Но, искуството ми покажа дека луѓето овде се многу пријателски расположени и ми помогнаа многу. И јас сум благодарна за тоа.
Кои навики на Македонците ти се најинтересни?
Една од првите работи што ги забележав додека го истражував градот во 2021 година беше како сите кафулиња беа полни со луѓе во текот на денот и го навистина го ценам времето што луѓето го одвојуваат за дружба со своите колеги и пријатели.
Омилено место во Македонија…
Охрид секогаш ќе биде мојот омилен град во Македонија.
Колку често одиш дома? Дали некој член од твоето семејство ја посетил Македонија?
Се трудам да одам дома секоја година, откако се преселив во Македонија.
Да, моите родители и брат ми ја посетија Македонија. Беа тука 10 дена и прекрасно си поминаа.
Колку ти е тешко да го изучуваш македонскиот јазик?
Навистина ми е срам да го кажам ова, но иако досега требаше да зборувам течно македонски, малку тешко ми оди.
Искрено, повеќе разбирам отколку што можам да зборувам.