Љубе (29) од Велес е мајстор за мебел од палети: „Сè започна како хоби, најбарани се гарнитурите за двор“

Какви услови е потребно да имате во домот за да можете да поставите мебел од палети? Потребно ли е просторот да е заштитен од дожд и од надворешни влијанија?

За да поставите мебел од палети во домот и притоа да обезбедите долговечност и добар изглед на мебелот треба да се земат предвид неколку работи како заштита од влага и дожд, заштита од УВ зраци, добра вентилација, рамна и стабилна подлога и редовно одржување.

Ако мебелот од палети е поставен на отворено треба да се користат заштитни навлаки.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-17_copy.jpg

Ако мебелот е изложен на директна сончева светлина, потребно е да се користат заштитни премази кои го штитат дрвото од УВ зраци со цел да се спречи бледнеење и оштетување.

Добрата вентилација пак помага да се спречи кондензација и појава на влага што може да доведе до гниење на дрвото.

Со обезбедување на сите овие услови ќе можете да го зачувате мебелот од палети во добра состојба и да го користите подолг временски период.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-09.jpg

Колку е просечниот животен век на вакво парче мебел?

Просечниот животен век на парче мебел од палети зависи од неколку фактори како: квалитетот на палетите, одржувањето, заштитата, употребата.

Ако мебелот се користи на отворено, неговиот животен век може да биде пократок поради изложеноста на атмосферските влијанија и особено ако не се преземат мерки за негова заштита.

Редовното чистење, обновување/освежување со заштитни премази значително ќе го продолжат животниот век на мебелот од палети.

Генерално просечен животен век е 5 години, а доказ за тоа се и нашите први клиенти со нашите први изработки кои и ден денес, после 5 години од соработката, сè уште ги употребуваат.

А и нашата цел е токму тоа, да понудиме квалитетен мебел, удобен и практичен, мебел кој изгледа убаво и се вклопува во различни стилови и декори, да се задоволат и надминат очекувањата на клиентите со тоа што ќе им се обезбедат производи кои ќе им служат добро и долго време.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-10.jpg

Кој проект досега ви бил најтежок за изработка? Сте се соочиле ли со барање на клиентите што не можете да го реализирате?

Кога се работи со љубов тешкотиите не се пречки, туку можност за раст и учење.

Секогаш сме подготвени да вложиме и време и енергија за да ги достигнеме нашите цели и да го постигнеме најдобриот можен резултат.

Важно е да се има добра комуникација со клиентот за да се разберат сите детали и очекувања и да се најдат практични решенија за кој било проблем што може да се појави во процесот на изработката.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-15.jpg

Дали често ви се случува да ви дојдат клиенти со сопствени идеи за изработка на парчиња мебел?

Да, честопати клиентите донесуваат нивни сопствени идеи или специфични барања за дизајн на мебелот.

Постоиме за да создадеме уникатни парчиња мебел што се усогласуваат со потребите на клиентите, нивниот стил и просторот во кој ќе се користи мебелот.

Значи изработуваме мебел по нарачка, со димензии, материјали, бои по желба на клиентите. Ваквата интеракција е одлична можност за креативност и за изградба на доверба со клиентите.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-11.jpg

Како треба да се одржува овој мебел за да му се продолжи животниот век?

Преземањето на мерки за соодветна заштита од вода, влага, сонце и други атмосферски влијанија, редовното одржување и правилна употреба можат значително да го продолжат животниот век на мебелот од палети и истиот да се зачува во добра состојба.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-12.jpg

Која е најчестата грешка што луѓето ја прават при одржувањето на мебелот, па сами го уништуваат?

Мебелот се уништува кога неправилно се заштитува и одржува.

Се уништува кога се изложува на екстремни услови, односно кога често се остава на отворено без да се заштити од дожд, сонце и други атмосферски влијанија.

Претешкото оптоварување како ставање на прекумерни тежини може да доведат до деформации и оштетувања на мебелот.

Неправилното чистење и користењето на агресивни хемикалии и премногу вода исто така го оштетува дрвото.

Во текот на годините потребно е мебелот да се освежи со заштитни премази/лакирање што го прават мебелот поотпорен на влага, гниење и го заштитуваат од влијанието на УВ зраците.

Така што, најчестата грешка е тој недостаток на редовното одржување и проверување на мебелот дали има оштетувања, гниење, инсекти, сè со цел да се превенираат поголеми проблеми во иднина.

ljube-29-od-veles-e-majstor-za-mebel-od-paleti-se-zapochna-kako-hobi-najbarani-se-garniturite-za-dvor-14.jpg

Повеќе фотографии од мебелот на мајстор Љубе во галеријата:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Ана Павловска – мастер за изработка на нокти: „Не треба да се прави пауза од правење нокти, не пречи... „Формата на нокти се прави според изгледот на раката и прстите, неумешните техни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg