Татјана Стојановска за стилот и убавината: „Редовно ставам ботокс на челото, тоа ми овозможува посвеж изглед“
Нега на лицето и телото
„Лицето и телото ги негувам со вообичаени и не многу скапи препарати. Со години користам исти креми за лице кои се просечни и ги има во секој маркет и ми одговараат на мојата кожа.
Не правам некои специјални третмани на лицето, само редовни рутини на темелно чистење и нанесување креми.
Имам посува кожа и имам потреба од помасни креми и лосиони за тело.
Редовно ставам ботокс во челото и глабелата и тоа е единствен третман што го правам на 6 месеци, а кој ми овозможува посвеж изглед“.
Начин на исхрана
„Што се однесува до храната, има периоди кога внимавам што јадам, но како човек кој е стрвен и сака да проба сè, има моменти кога си дозволувам да уживам во храната.
Готвам секојдневно и ми причинува задоволство подготовката на домашна храна.
Тоа се вообичаени традиционални јадења, но сакам да испробувам и некои рецепти кои ги гледам на социјалните мрежи. Практикувам да внесам свежа храна, салати и овошје во оброците“.
Спортски активности и фитнес
„Одржувањето на килажата оди тешко со годините. Но се обидувам да внесам и физичка активност.
Вежбам во фитнес клуб повремено, но и во тоа не сум многу редовна, па гледам да надополнам со пешачење.
Применувам повремено и третмани за слабеење и обликување на телото, па во комбинација со режим на исхрана и физичка активност да потпомогнам во постигнувањето на резултатите“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело