Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-04_copy.jpg

Дали освен на народни инструменти, свириш и на некои други и може ли во Македонија да се заработи како професионален музичар на народни инструменти?

Сите овие години јас сум посветен исклучително на македонските народни инструменти, па затоа не свирам и на други класични инструменти.

Можам да кажам дека може да се заработи солидно како професионален музичар на народни инструменти во Македонија.

Која песна најчесто ти ја бараат да ја отсвириш кога настапуваш на свадби и веселби?

Најчесто тоа се нашите преубави народни песни и ора, но ќе издвојам дека во една вечер се случува „Ињевска Гајда“ да биде побарана и по неколкупати.

Ти се случил ли некогаш некој инцидент додека си настапувал (да ти се оштети инструмент или некој друг да ти го оштети инструментот)?

Можам да кажам дека на своите инструменти исклучително внимавам, па затоа досега не сум имал такви случувања како од мене, па така и од публиката.

Често објавуваш забавни видеа во кои сам свириш на повеќе народни инструменти. Колку време ти е потребно за да снимиш едно вакво видео и постои ли интерес кај младите за оваа музика?

Видеата почнав да ги снимам сосема спонтано во слободното време, исполнувајќи си го денот во времето на пандемијата. Реакцијата на истите беше позитивна и добив инспирација за да снимам и понатаму.

За изработка на едно вакво видео ми се потребни околу 3-4 часа, но, сепак, зависи и од бројот на инструменти во самото видео.

За заинтересираноста за оваа музика би рекол дека постои кај секој Македонец, не само кај младите.

Дали постојат места каде што младите може да се обучат за свирење народни инструменти и дали ти даваш часови за оние што се заинтересирани?

Секако дека постојат места каде што младите кои се заинтересирани за овој вид музика можат да се школуваат.

Би го споменал средното музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје во насоката за Традиционална музика, песна и игра каде што и јас го завршив моето средно музичко образование, а исто така и високо образование на факултетите за музичка академија во Штип и Скопје.

На вашето прашање дали јас одржувам приватни часови за македонски народни инструменти, моментално одговорот е не.

Со кој познат музичар би сакал еден ден да настапуваш?

Нема да бидам скромен и можам да кажам дека ја имам делено сцената со сите колеги од македонската естрада, како инструменталисти, така и вокали.

darko-kocev-29-e-makedonski-gajdadjija-vo-germanija-sviram-na-svadbi-i-veselbi-zarabotkata-e-solidna-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија од Скопје свири труба: „Сум доживеала многу предрасуди, мислеа дека ќе се откажам“ „Се надевам дека во Македонија ќе бидам инспирација за повеќе девојки да свират ...
Сузана Гавазова за родната Сушица: „До 30 години живеев во селото со моите родители, се гордеам што ... „Јас бев срамежлива девојка, но имав голема поддршка од моите соселани кои силно...
Филипинката Кристи 14 години живее во Македонија: „Родителите првпат ми дојдоа на гости - што ги воо... „Свекрва ми зборува малку англиски, а моите родители воопшто не знаат македонски...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Марк и Гони од Холандија се преселија во Македонија: „Имаме своја пекарница, земјата е преубава“ „По првиот одмор во Македонија во 2015-та, одлучивме повторно да се вратиме. Па,...
Саша Матиќ за CRNOBELO: „Кога сопругата не е дома, со ќерките секогаш правиме ‘фешта’“ „Сите овие години балансирам меѓу семејството и музиката. Се навикнаа и тие и ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg