Вероника Караколева, оперска пејачка: „Не јадам 3-4 часа пред настап, избегнувам комуникација за да го штедам гласот“

Имаш ли некои ритуали што ги правиш задолжително пред настап и кои се тие?

Тоа е индивидуално. За мене лично најважното нешто ми е сонот, да сум убаво наспиена.

Во текот на целиот ден гледам да избегнувам комуникација со луѓето, т.е. ја сведувам на минимум и секако храната, тоа го преферирам некаде, да речеме, 3 до 4 часа пред самиот настап.

Ти се случило ли некогаш да имаш проблеми со гласот пред настап заради настинка и слично? Што правиш во таков случај?

Секако, ми се случило. Дали тоа било настинка, изнемоштеност од самите проби и слично.

Но, во глобала да речеме пред денот на настапот пијам доста витамини и гледам да го штедам гласот со најминимална комуникација за да имам сила за настапот.

veronika-karakoleva-operska-pejachka-ne-jadam-3-4-chasa-pred-nastap-izbegnuvam-komunikacija-za-da-go-shtedam-glasot-05.JPG

Каква музика слушаш кога си сама?

Покрај класичната музика знам да слушам, па, скоро секаков вид музика.

Не можам да кажам нешто конкретно, но сè што ме расположува, па дури и знам некогаш кога сум напната пред некој натпревар да пуштам сосема друга музика за да ме опушти и да не мислам на тоа.

veronika-karakoleva-operska-pejachka-ne-jadam-3-4-chasa-pred-nastap-izbegnuvam-komunikacija-za-da-go-shtedam-glasot-16.JPG

Со оглед на тоа што често патуваш со твојата кариера, имаш ли доволно време за приватниот живот?

Треба да се прави баланс помеѓу двете работи. Јас мислам дека досега успевам да се справам со тоа.

Макар што и во самата кариера има комфор зона каде што треба и во тоа да си ја најдеш убавината и да уживаш, за мене тоа е луксуз, на пример кога патувам, а во меѓувреме и си ја работам својата работа.

veronika-karakoleva-operska-pejachka-ne-jadam-3-4-chasa-pred-nastap-izbegnuvam-komunikacija-za-da-go-shtedam-glasot-17.JPG

Сметаш ли дека понекогаш премногу жртвуваш за да го оствариш својот сон?

Има жртви, не можам да кажам дека не е така.

Но, јас сум се одредила за тој пат и не гледам некој проблем во тоа.

Штом во првиот момент човек осети неудобност во тоа, тогаш дефинитивно не е за него таа професија.

veronika-karakoleva-operska-pejachka-ne-jadam-3-4-chasa-pred-nastap-izbegnuvam-komunikacija-za-da-go-shtedam-glasot-18.JPG

Која е сцената каде некогаш би сакала да настапуваш?

Имам доста соништа и желби. Би сакала да стапнам некогаш на големите сцени во големите оперски и светски куќи како што се Сиднеј, Метрополитан операта и миланската Ла Скала.

Што би им порачала на девојчињата кои еден ден сонуваат да станат оперски пејачки?

Според мене, да бидеш оперски пејач е исто како и да се занимаваш со спорт.

Така што би рекла да бидат истрајни и работливи.

Бидејќи, талентот е навистина само мал дел во целокупниот пакет.

veronika-karakoleva-operska-pejachka-ne-jadam-3-4-chasa-pred-nastap-izbegnuvam-komunikacija-za-da-go-shtedam-glasot-24.JPG

На кој ангажман во 2024 се радуваш најмногу?

Оваа 2024 година за мене мислам дека ќе биде доста активна во мојата кариера, меѓу што и можам слободно да кажам дека најголемиот успех до сега е што на 1-ви септември ќе настапам во Њујорк на интернационалниот натпревар International Youth Music Competitions, Atlanta, USA како второпласирана помеѓу победниците на истиот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg