Александар Златановски работи како аранжер на колачи во Лајпциг: „Добро се заработува, но сакам да запишам факултет“

Какво гратче е Лајпциг? Има ли многу жители?

Лајпциг брои околу 700.000 жители. Има големи паркови, уметнички делови со концертни сали, кина, алтернативни кина, опери, театри, спортски универзитет и една од најголемите зоолошки градини во Европа.

Има и две езера, Марклеберг и Конспудерен, каде има и бродови за пловење, а во летниот период изобилува и со барови на отворено и нудистички плажи.

Од мојата тераса секојдневно ја гледам арената каде концерти имаат светски познати музички имиња.

Тука се играат и големи фудбалски натпревари од светско значење, а таа е и дом на еден од најдобрите фудбалски клубови – RB Leipzig.

Лајпциг има богата историја и важи за град со најголема железница и оперски настани уште од средниот век.

Универзитетите, посебно спортскиот универзитет е еден од најдобрите и најголемите во североисточниот дел на Германија.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-19.jpg

Какви се локалците? Дали се студени како што ни делува од страна?

Прво, мора да кажам дека е мит дека тука се работи од ноќ до ноќ. Тоа го тврдам бидејќи веќе сум дел од нивниот систем.

Другарите и другарките ми се Германци и мит е дека се студени.

Нормално дека постојат секаков тип луѓе како што е вообичаено во светот, без разлика дали е тоа Македонија, Норвешка или Германија.

Ќе тргнам и од колегите, кои ми се блиски генерациски – како со некој кој е дојден отсрана, кој сè уште не го познава совршено јазикот и принципите, секогаш се благонаклонети и коректни за каква било помош.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-10.jpg

А каква е локалната храна? Кој е најпознатиот специјалитет?

Околу традиционалното јадење во Лајпциг, тоа е Лајпцигер алерлеи (Leipziger Allerlei).

Ова е јадење кое е базирано на зеленчук - со млади моркови, аспарагус, келераби, карфиол и грашок, а се служи со опашки од рак и кнедли од леб во кремаст сос.

Градот има и свој тип пиво, Gose.

Овој специјалитет често го јадам, не само заради тоа што ми е вкусно, туку и соодветствува на она што јас години наназад го консумирам, а тоа е здравата храна.

Исклучително многу ми одговара затоа што сум спортски активен и тренирам јога, пилатес, кикбокс, кросфит, одам во теретана и на пливање веќе 11 години.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-039.jpg

Колку често се враќаш дома?

Се враќам често заради мајка ми, татко ми, баба ми, некои роднини и неколку блиски другари и другарки.

А да можам, и нив би си ги зел со мене „за стално“.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-004.jpg

Што македонско најмногу ти недостига кога не си тука?

Единствено ме погодува кога пропуштам концерт на Каролина Гочева.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg