Александар Златановски работи како аранжер на колачи во Лајпциг: „Добро се заработува, но сакам да запишам факултет“

„Градот го нарекуваат 'младиот Берлин', бидејќи потсетува и по инфраструктурата и по начинот на живот. Јас работам од понеделник до петок од 9 до 17 часот, а потоа имам време за дружба со луѓето кои ги запознав тука изминативе години. Единствено не ми се допаѓаат ладните зими“, вели Александар од Битола кој се пресели во Лајпциг.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-01_1.jpg

Александар Златановски од Битола, скоро три месеци живее во Лајпциг, Германија. Таму веќе подолго време живеат неговата сестра и внуците, па одлуката да се пресели и не му била многу тешка.

За себе вели дека е правник во обид, но дел од јавноста го препознава како интернационален модел, кој долги години работеше во Сингапур, Индија и Германија.

Меѓу неговите професионални ангажмани, е и фотосесијата за часовниците на Giorgio Armani.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-04.jpg

Алекс, како што го викаат пријателите, во разговор за CRNOBELO.com, раскажа интересни детали за животот во градот кој го нарекуваат „новиот Берлин“:

„Имам обид да станам правник, иако гледано од денешна дистанца не знам зошто воопшто сум трошел три години (успешно завршени) на Правниот факултет.

Со години работев како интернационален фотомодел, поради што подолг период живеев во Сингапур, Индија и Германија. Но и таа кариера последниов период оди ‘во заборав’ заради поголеми амбиции и лична себереализација, така како што си имам замислено во својата глава.

Иако планирав уште порано да се преселам во Лајпциг, поради короната и затворените граници не можев да го реализирам планот.

Но, сега сум тука, во градот каде што доаѓав често и изминатите години. Ова е местото каде што припаѓам, а ме врзуваат многу спомени и пред сè, дел од потесната фамилија, бидејќи сестра ми и внуците живеат во Лајпциг повеќе од 11 години.  

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-08.jpg

Зошто реши да си заминеш од Македонија?

Од Македонија си заминав заради многу причини и сметам дека на поголемиот дел од нашето население им се општопознати.

Во Германија има еден систем и стандард кој генерално функционира многу добро, но и од личен аспект – заради себереализација.

Неостварена желба ми е да работам мултимедија, дизајн и маркетинг (иако имам повеќегодишно искуство во музичка продукција и индустрија) и навистина ја сакам таа професија.

Веќе разгледувам на кој универзитет би се запишал за неколку месеци, а за да ги усовршам моите вештини.

Во меѓувреме, работам во хотел со пет ѕвезди во центарот на Лајпциг како аранжер на колачи во ресторанот.

Платата е доста солидна, а јас во моментов се фокусирам на финансискиот аспект, за што побрзо да заработам доволно и да можам да се запишам на некој факултет за мултимедија, дизајн и маркетинг.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-09.jpg

Како би го опишал животот таму? Што ти е најубаво, а што не ти се допаѓа поврзано со животот таму?

Животот во Лајпциг ми годи навистина.

Градот по ново го нарекуваат „младиот Берлин“, бидејќи навистина личи и по инфраструктурата и по начинот на живот, интернационалното население, брзината на животот...

Ми се допаѓа што има соодветно место за секоја генерација и добра забава, пред сè за нас младите.

Ако добро се организираш, навистина има доволно време за сè.

Јас работам од понеделник до петок, од 9 до 17 часот, а потоа имам време за секакви активности, дружба со другари и другарки со кои одам на кафе или ручек, а кои ги стекнав изминативе години.

Задолжително спортувам рано наутро пред да започнам со тековните обврски.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-081.jpg

Многу ми се допаѓа што тука нема импровизација во кој било поглед, од договарање кафе/ручек, до градски превоз, работа, институции и така натаму.

Многу го почитувам тоа што Германците исклучително многу се држат до принципите, правилата и прописите, затоа што и јас како карактер најдобро функционирам вака.

Единствено што не ми се допаѓа се ладните зими.

Но, од друга страна, и зимата знае да се искупи со магичниот изглед на градот и како тој е украсен. Со еден збор, како бајка.

А тука е и обичајот да се пие црвено вино со пријатели на минусни температури во монтираните божиќни куќички низ целиот град. И да не ги заборавам прекрасните настани со многу музика.

aleksandar-zlatanovski-zhivee-vo-lajpcig-dobro-se-zarabotuva-ima-odlichen-nokjen-zhivot-mit-e-deka-germancite-se-studeni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg