Петар Николоски живее во Порто: „Влагата во португалски дом е исто што и бубашваба во македонски дом“

Чист ли е градот? Како се справуваат со многуте туристи?

Чисто е. Се грижат и многу се свесни по тоа прашање. Нема преполни канти со отпадоци, нема ѓубре покрај контејнери, нема кабаст отпад на улица. Замисли, дури и изметот од кучиња го собираат во кесички! Едноставно, да ти е незгодно да фрлиш нешто на улица.

Во однос на туристите, туризмот е една од гранките која носи најмногу пари во Португалија, така што туристите ги имаат сите привилегии.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-24.jpg

Нешто на што не можеш никако да се навикнеш од животот таму?

Во сè ставаат јајца! Бифтек со јајца, помфрит со јајце, сите кремови за слатки им се со јајца. Едноставно, премногу јајца.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-04.jpg

Друга работа на која ми требаше време да се навикнам е тоа што воопшто не сакаат да се впуштаат во конфликти и да се објаснуваат, па најчесто применуваат игнорирање.

На пример, ако ти треба некоја услуга, се договараш со мајстор. Во еден момент се случува да дојде до прекин на комуникација – го бараш не се јавува, праќаш пораки, нема одговор.

Едноставно, постои застој но наместо да се објасни за истиот и потенцијално да влезе во конфликт со тебе, решава да те игнорира. И еден ден се појавува како ништо да не било и работата продолжува.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-16.jpg

Овој пример со мајстори се реплицира на сите гранки – адвокати, лекари, администрација, буквално во секоја спора на општеството. Така што, ако некој не ти врати на повиците, мејловите и пораките, најверојатно има некој застој или нема нови информации и биди сигурен дека кога ќе има нешто ново, веднаш ќе ти се јават. 

И најважната работа – нема стрес, нема нервоза, нема гужва. Ама човек брзо се навикнува на тоа.

5 работи кои секој треба да ги има на ум пред да се пресели во Португалија? Кој беше најкорисниот совет кој ти го доби пред да заминеш?

Има еден куп бирократија, ти требаат нерви, ама работите се завршуваат.

1. Иако тврдат дека не ти треба греење и клима дома, без клима и се може, ама без греење ќе патиш. Освен ако немаш една соба која е на југозапад.

2. Влажно е, нонстоп.

3. Португалија е една од 5-те земји со најниски примања во Европа.

4. Законот дозволува цените да се качат еднаш годишно за процент кој е еднаков на официјалната стапка на инфлација, иако имаш договор за доверба од 24 месеци.

5. Совети пред одење добив многу, ама јас повеќе сакам да истражувам сам отколку да се потпрам на коментари и импресии од трети лица. Така што, дојди, види, пробај, реши.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-28.jpg

Дали би останал на долг рок да живееш таму или можеби би сменил локација?

Времето ќе покаже. Сакам да го истуркам тој период на меден месец и потоа да направам уште една евалуација на моите потреби и тоа што Португалија ми го нуди како земја, па ќе видиме во која насока ќе се движат работите, ама знаејќи се себеси, тешко да се скрасам на едно место!

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-17.jpg

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-29.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg