Петар Николоски живее во Порто: „Влагата во португалски дом е исто што и бубашваба во македонски дом“

Раскажи ни малку повеќе околу начинот на живот – колку е среден градот, транспортот, здравствените и финансиските институции – дали функционира подобро од кај нас?

Замислете колкав шок доживеав првиот пат кога Гугл Мапс ми рече дека патувањето од точка А до точка Б со јавен превоз ќе трае 24 минути и навистина траеше 24 минути. Се радував како мало дете на првото новогодишно пакетче! 

Јавниот превоз, според мене, е беспрекорен. Можеш да стасаш каде било, не секогаш по најбрзата рута, ама ако го земеш предвид времето изгубено во сообраќајна гужва, и тоа како е подобро да се користи јавен превоз отколку возило. Додај го тука и фактот дека голем дел од улиците во Порто се како сокачињата во Крушево и Охрид и немам никаков паркинг и мислам дека изборот ќе ти стане јасен.

Ако сакаш да одиш надвор од град, може да користиш кола, ама цените на горивото и високите патарини го прават патувањето со воз најисплатливо за едно лице. Ако одат двајца, тогаш возење и може да се исплати.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-13.jpg

Поевтино е човек да оди на лекар отколку животно на ветеринар – тоа малце ме шокира. Има државно здравство и има приватни болници. За среќа, досега не сум имал потреба од лекарска помош, така што не можам да давам мислења околу тоа како им функционира системот, ама затоа можам да ти кажам дека ветеринарните услуги се изгор скапи.

И замисли, сите банкомати се во една мрежа и апсолутно нема разлика кој банкомат користиш – нема провизија за подигање пари од машина!

Што е она што најмногу те изненадува кај локалното население? Какви се Португалците како народ? Ќе научиш ли ти можеби брзо португалски, како ти изгледа?

Португалците се многу фини и релативно искрени и по секоја цена избегнуваат конфликт. Ја имаат „лефтерноста“ која мене искрено многу ми се допаѓа и имаат јасна линија помеѓу работата и приватниот живот.

Кога работат, тоа го прават со посветеност и навистина се трудат да ти биде убаво кога ти ги земаат парите. Релативно е лесно да се спријателиш со нив, но треба да помине некое време за да оценат дали ќе те пуштат во блискиот круг на пријатели. А, потоа веќе е лесно.

Скоро сите зборуваат англиски, а португалскиот е релативно тежок јазик со кој јас се борам веќе неколку месеци и искрено, едвај успевам да излезам на крај.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-10.jpg

Кои се најубавите работи во Португалија кои би сакал да ги има и во Македонија?

Плажите и климата дефинитивно. Имаат километри и километри песочни плажи од кои навистина застанува здивот. А умерената клима без големи температурни разлики ти нуди можност нонстоп да си лесно облечен.

Што е она од португалска кујна што мора да се проба? Научи ли да подготвуваш некој тамошен специјалитет?

Кујната во Португалија е различна. Работи кои се јадат тука на север воопшто ги нема долу на југ, и обратно. Инаку, кујната им изобилува со месо – говедско, пилешко, свинско и, се разбира, националното јадење – бакаларот, кој се продава свеж или дехидриран, и кога е дехидриран ужасно смрди.

Го има во буквално секој маркет и долго време се обидував да дознаам како се спрема бидејќи сушен бакалар е одвратен за јадење. Мојот прв обид беше да скршам едно сушено парче и да го грицкам како морковче. По три неуспешни обиди дознав дека сушениот бакалар се потопува во три води (во секоја вода по една ноќ) со што добива форма на „нормална рибa” и дури потоа се консумира. Човекот учи додека е жив!

Благите, во споредба со македонските слатки воопшто не се убави. Се е базирано на крем од јајца и знаат да бидат преслатки. Кога сме кај јајцата – имаат еден чуден обичај да ставаат јајце на се – стек со јајце, бургер со јајце, Франчесиња со јајце.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-01_copy.jpg

Од јадењата тука на север, би ја издвоил Франчесињата – тоа е сендвич со говедско месо, различни видови локални колбаси, завиткан во кашкавал и прелиен со сос кој е на база на вино или пиво. Топло ја препорачувам.

За храната на југ не можам многу да зборувам, ама се сеќавам дека еднаш во Лисабон пробав попара со ракчиња и коријандер и беше релативно интересно.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-23.jpg

И да не заборавам, во Португалија задолжително да се проба црно прасе (Porco Preto). Месото има извонреден вкус и најубаво е кога е печено на жар.

Би рекол дека животот е скап? Какви се цените на храната, пијалаци, во ресторани, сметки, кирии.. Може ли секој да си дозволи нормален живот? Дали има многу сиромаштија?

За да видиш како едно општество функционира, треба да поминеш минимум 3 години на едно место. Сè друго е меден месец, така што мојот одговор на ова прашање ќе биде субјективен. Ако земеш да ги споредиш цените на храната во маркети, тука е поевтино, сметките се горе долу исти, кириите се значително повисоки.

Сиромаштија нема, бездомници, барем каде што сум јас, немам видено, иако имам налетано на пар народни кујни во кои секогаш има луѓе.

Португалија е една од земјите со највисоки даноци во Европа, но за сметка на даноци, голем дел од социјалните проблеми се решени. 

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-02.jpg

Лесно ли е адаптирањето на влажноста на воздухот? Колку често си на плажа? Дали океанот е ладен скоро секогаш?

Неодамна за првпат влажноста ми засмета. Отидов и купив сушач на воздух, и за саат и пол работа, извлече скоро 3 литри вода од станот. Со оглед на тоа што врне последниве 30 дена, влажноста и внатре станува релативно висока, го имаш она чувство дека сè е мокро.

На Португалците тоа не им смета, а за мене е вистински предизвик затоа што овде е невозможно да се исушат алишта без да имаш дома машина за сушење.

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-22.jpg

Мувлата во португалски дом е исто што и бубашваба во македонски. Едноставно, ќе научиш да коегзистираш со надеж дека нема да ти го загрози здравјето. Во лето влагата и не е така страшна затоа што нонстоп дува ветер и некако компензира за високата влажност.

Океанот, од друга страна, не е играчка. Секој ден има вести за лица кои влегле, а не излегле, па требало да ги вадат. Првите неколку дена кога бев тука бев сведок на спасување на лица од море со хеликоптер.

Беше како на филм. Причина за големиот број давења се силните струи и фактот што водата е ледена. Дури некаде во октомври имаше некоја топла струја па успеав да врзам 20 минути во океан. Сè друго е како да пливаш во Треска.

Влегуваш и одма надвор. Ама затоа, плажите се феноменални!

petar-nikoloski-zhivee-vo-porto-vlagata-vo-portugalski-dom-e-isto-shto-i-bubashvaba-vo-makedonski-dom-20.jpg

Благата клима и големиот број сончеви денови ти даваат можност да уживаш во плажите од април, па сè до крајот на октомври, додека не почне сезоната на дождови.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg