Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена бдеевме над второто“

„Кога се разбудив по царскиот рез, ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот е во опасност уште од самото раѓање бидејќи беа премногу мали и беа родени во 27-ма гестациска недела. Никола се роди заедно со неговото братче кое, за жал, нè напушти 3 дена по раѓањето“ – открива за CRNOBELO.com Кирјакула Ристоска, мајка на бебе кое се родило со тежина од само 900 грама, но по 65 дена борба успеало да ја напушти клиниката за Гинекологија и акушерство и денес е во својот дом.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-01.jpg

Раѓањето на детето треба да биде најубавиот период во животот на родителите, но, за жал, голем број родители се соочуваат со предизвици уште на самиот почеток на животот на нивните дечиња.

Постојат голем број приказни за мали борци, бебиња што биле родени предвреме и со доаѓањето на овој свет морале да се борат за сопствениот живот. Таква е и приказната на малиот Никола Ристоски од Тетово кој бил роден во 27-мата гестациска недела со тежина од само 900 грама и цели 65 дена ги поминал на Одделението за интензивна нега (ОИНТ) на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Никола ја напуштил болницата во септември годинава, а со неговата мајка Кирјакула Ристоска (35) разговаравме за нејзиното искуство како мајка на предвреме родено бебе, за тоа со кои предизвици се соочила и кои биле нејзините најголеми стравови.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-02.JPG

Приказната на Кирјакула е различна од голем број други мајки, затоа што таа се породила со близначиња, но, за жал едно од нив не успеало да ја извојува битката.

Таа е мајка на уште едно 4-годишно девојче и, како што вели, очекувала дека и втората бременост ќе помине без никакви проблеми.

Оваа млада тетовка вели дека сè уште ѝ е тешко да се навраќа на тие страшни мигови од нејзиниот живот, но е свесна за тоа колкава е важноста јавно да се зборува за овие мали борци и за предизвиците со коишто се соочуваат нивните семејства.

Во интервју за CRNOBELO.com, таа открива како изгледал трнливиот пат од породувањето, па сè до првите денови што ги поминале дома со малиот Никола.

Следува целото интервју со Кирјакула:

Кажете ни нешто повеќе за раѓањето на Никола. Кога е роден и која беше компликацијата заради која бебето мораше да биде родено предвреме?

Искрено, тешко ми е да зборувам на оваа тема, меѓутоа сметам дека е потребно сите да бидат запознаени со мојата животна приказна, односно втората бременост и дека мојата приказна ќе помогне за подигање на свеста кај многу трудници.

Мојата прва бременост беше најнормална, без никакви проблеми и компликации и затоа никогаш не сум ни помислила дека втората бременост може да биде проблематична.

Јас имав близначка бременост која, после редовните тешкотии низ кои поминува секоја трудница, се стабилизираше и можам да кажам дека почнав да уживам во бременоста.

Освен главоболки кои не ги доживував како особен симптом, јас и немав никакви симптоми кои би укажувале на компликации во бременоста.

Одев на редовни контроли и имав најнормални резултати.

На 20-ти јуни оваа година матичниот гинеколог ме упати на преглед и контрола во болницата во Тетово, од каде што после еден ден докторите ме пратија во Скопје на ГАК.

Иако не знаевме со сопругот што се случува, сепак ги послушавме советите од докторите и на ГАК лежев на одделението за Перипартална интензивна нега (ПИН), каде што добив беспрекорен медицински третман за моите бебиња и лично за мене.

На ГАК ми кажаа дека имам прееклампсија, односно состојба која се јавува исклучиво во бременоста и резултира со висок крвен притисок, зголемено присуство на протеини во урината и отоци.

На 9-ти јули, медицинските резултати укажуваа дека морам итно да бидам оперирана бидејќи постои ризик, пред сè, за мојот живот, но и за животот на бебињата.

Истиот ден успешно бев оперирана од страна на д-р Марјан Стојовски кој секојдневно ја следеше мојата бременост на ГАК и постојано со позитивни совети ми даваше медицинска, но и психолошка поддршка.

Тој ден, на 9-ти јули, се роди Никола заедно со неговото братче кое, за жал, нè напушти 3 дена по раѓањето.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-08.jpg

Дали претходно во бременоста имавте некои симптоми и знаци што укажуваа на тоа дека Никола би можел да се роди предвреме?

Како што кажав, во текот на бременоста немав никакви симптоми што би укажале на предвремено породување, што и беше интересна тема на дискусија помеѓу докторите бидејќи до моментот на хоспитализација, ниту имав висок крвен притисок, ниту отоци, ниту лоши резултати од крвна слика.

Може ли да ни раскажете какви беа чувствата кога ви кажаа дека веднаш треба да се породите?

Искрено, бев преплашена и разочарана.

Бев исплашена за сите, за бебињата, за ќеркичката, за домашните и пријателите, за себе, и само се молев на Бога да биде сè како што треба.

Знаев дека 27-ма гестациска недела е навистина рано за породување и дека постои ризик да ги изгубам моите деца.

Не верувам дека има мајка на овој свет што може да се помири со такво сознание.

Сепак, д-р Марјан Стојовски ме увери дека операцијата во тој момент е неопходна и дека ќе се погрижи сè да биде во најдобар ред.

За неговата професионалност и посветеност имам само пофални зборови.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-06.JPG

Како се одвиваше породувањето и како изгледаа првите мигови кога вашето бебе беше примено на Одделението за интензивна нега (ОИНТ)?

Породувањето беше со царски рез. Искрена да бидам, бидејќи бев под делумна анестезија не се сеќавам на сите моменти кога бебињата ги примија на ОИНТ, туку кога се разбудив ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот е во опасност уште од самото раѓање бидејќи беа премногу мали и беа родени во 27-ма гестациска недела.

Ви беше ли дозволено доењето во периодот додека Никола беше во ОИНТ? Како изгледаше зближувањето во овој период?

Доење на бебињата на ОИНТ не е дозволено од причина што самото одделение нема услови за такво нешто.

kirjakula-od-tetovo-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-se-porodiv-so-bliznaci-no-za-zhal-edno-ne-prezhivea-celi-65-dena-bdeevme-nad-vtoroto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg