Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за тоа како е зачната“

Наидовте ли некогаш на осуда и затоа што останавте бремена подоцна во животот, но и затоа што решивте да бидете еднороден родител? Или секогаш имавте само поддршка?

Морам да кажам дека работите многу брзо се менуваат. Веќе не е табу тема, нè има многу еднородни семејства.

Oткога го објавив првото интервју, многу се охрабрија на овој чекор и бараат совети како да започнат.

Каде и да појдам ми кажуваат дека и некоја друга жена го направила истото.

Или ќе ми се јават да прашаат како зборувам слободно на темата, како се справувам со целата ситуација.

Затоа и одлучив на оваа тема да подготвам работилници и тие се во завршна фаза, бидејќи не располагам со толку многу време со секој родител поединечно да зборувам.

Сите сме различни, од различни средини. Некој може да се отвори и да говори на оваа тема, некој едноставно се плаши и измислува разно разни приказни и повторно стравува од вистината.

vaska-leontic-70.jpg

Јас на Анна приказната за нас почнав да ѝ ја раскажувам од кога имаше една година и таа приказна се шири секој ден според нејзината љубопитност, возраст и колку може да разбере во одреден период.

Не ја форсирам, таа што сака да знае - за тоа говорам. Но, таа веќе го знае целиот процес како сè се случило.

Сега се подготвуваме да го запознае и доктор Зоран Петановски, кој е одговорен за ин витрото и сега тоа ни е следен чекор.

Никогаш не помислив што ќе зборуваат другите, ниту ми е битно што се зборува. Секој од нас има некоја своја приказна.

Јас само си велев ‘да успее и да издржам до крај’ бидејќи не можев да ги поднесам хормонските терапии, од нив ми беше многу тешко.

Ова што зборувам јавно го правам во името на сите мајки кои не можат гласно да говорат, но и за сите деца од еднородни семејства кои еден ден ќе пораснат и треба да бидат горди на своите мајки.

vaska-leontic-71.jpg

vaska-leontic-42.jpg

Какво дете е Анна? Што сака да прави најмногу кога сте заедно?

Анна се менува од ден на ден. Но, едно е сигурно - таа е своја, знае што сака и умее да побара. Љубопитна е многу, сака да учи новини, не ѝ е тешко по неколку пати да ве праша додека сето тоа не го совлада добро.

Кога ќе науми нешто мора да биде по нејзино.

Доколку ѝ ветите, не заборава додека не го исполните ветувањето.

Полна е со емпатија, чуствителна и многу храбра. Сака многу животни, посебно кучиња.

vaska-leontic-79.jpg

Сака балет, слуша музика, сака да танцува, да спортува, тешко се одвојува од другарчињата и кога се разделуваме многу плаче по нив.

Сака да шири познанства и да ги одржува колку и да се далеку, не ги заборава лесно луѓето и долг период ги бара да ги сретне повторно.

Кога е дома сака многу да се разгалува, да се качува на ‘ушка’, со тетка ѝ да готви, да црта насекаде низ станот, да подготвува домашна претстава во нејзин стил.

Сака да биде во центар на вниманието, да ја носам на модни ревии, претстави и концерти...

vaska-leontic-76.jpg

vaska-leontic-33.jpg

Што ви беше тешко на почетокот како еднороден родител, а со што денес одлично се справувате?

Најтежок период во првите 3 години беше адаптирањето да оди по голема нужда, потоа алергиите, па првиот пат кога имаше висока температура и завршивме во болница - тоа се моменти кои ќе ги паметам долго.

А потоа се навикнав на сите новонастанати ситуации.

Сега сè е поедноставно за сè можам да се договорам со неа, прилагодлива е во секоја средина, комуникативна.

Сака многу да оди на гости кај семејства каде што има машки, бидејќи ние сме дома само жени, па сака да ги истражува.

vaska-leontic-63.jpg

vaska-leontic-31.jpg

А што е следното што може да го очекуваме од вас, на професионален план?

Подготовка за прославата и одбележување на 30 години постоење од Академија Леонтиќ, претставувањето на сите досегашни ученици, нивните успеси низ изминатите години и кандидати кои успешно работат сиот овој период во Македонија и надвор од нашите простори.

Потоа, подготовка на спомен книгата по повод 30 години постоење, нов концепт на работа и нови протоколи.

А другите планови би сакала да бидат изненадување.

vaska-leontic-38.jpg

vaska-leontic-09.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg