Бојан Велевски, стенд-ап комичар: „Сопругата не можам да ја ‘омекнам' со шега кога ми е лута, во Кочани ме фати смеа среде настап“

Си се блокирал ли некогаш на сцена?

На стенд-ап одамна ми е се нема случено. Можеби 7-8 години.

Се случуваат мали блокади понекогаш, но тоа публиката не може да го препознае.

Koja шега ти „пали“ години наназад?

Една од омилените на публиката, а и моја е „Пафката од Софија“, позната и како „Свирка“.

Тие што биле кај мене на Best of, точно знаат за што зборувам.

Постои ли тип на луѓе кои не би сакал да ги имаш во публика?

Секој кој сака да ме слуша е добредојден.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-04.jpg

Кој е стенд-ап комичар од Македонија/регионот на кој му се воодушевуваш?

Воодушевување, како збор е пресилен за мене лично и многу ретко го користам.

Но, можам да кажам дека го почитувам Сашко Коцев.

Од регионот Срѓан Динчиќ, Неша Бриџис, Влатко Штампар, Тин Водопивец.

Кому му ги кажуваш „скечовите“ пред да ги објавиш јавно? Постои ли некој за кој знаеш дека ако успееш да го насмееш, ќе ја насмееш и публиката?

Ова порано го трпеа моите најблиски. Сега веќе одамна тоа не го правам.

Искуството си го прави своето и уште пред да ја изведам фората пред публика, знам дали поминува или не.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-06.jpg

Колку актерското искуство ти помогна да се подготвиш за стенд-ап настапите?

Имав среќа да бидам дел од класа на факултет која беше обучена со напредни алатки за импровизација на сцена.

Учевме како да ја „конвертираме“ негативната енергија во корисно средство за да оствариме конкретна цел на сцената, но и во животот.

Па, така, сега кога се соочувам на сцена или пред настап со тешки ситуации, лесно се справувам, користејќи ги овие алатки.

Последниот период поминуваш многу време надвор од дома поради турнејата. Како балансираш помеѓу работата и приватноста?

Турнејата си донесе едно поинакво темпо периодов и бара адаптација на времето и обврските.

Но, не ми е првпат да сум поделен на неколку фротна.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-11_copy.jpg

Колкава поддршка ти е сопругата? Се смее ли таа на твоите шеги?

Каролина е успешна деловна жена, можеби и една од најдобрите во својата бранша.

Имаме целосно разбирање еден за друг на тема кариера, бидејќи и двајцата ја градиме со брзо темпо и со големи амбиции.

Дали ми се смее на форите? Ретко.

Кога ти е лута, пробуваш ли да ја „омекнеш“ со некоја шега, досетка?

Не проаѓа тоа одамна.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-08.jpg

Колкав е синот Војдан? Како реагира тој што „одиш по градови цело време?“

Војдан има пет и пол години. Динамично дете е, бара многу внимание како и секое дете на тие години, постојано има некакви прашања.

А, околу турнејата сѐ му е јасно и секогаш ми вика „ајде да одиме на сладолед да ми кажеш како си помина“.

Демек го интересира... до сладоледот му е.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-12.jpg

Многу генерации те паметат од времето на „Наше маало“ и „Големи и мали“. Како изгледаше да си актер во тоа време?

Тие генерации што израснавме во тоа време со тие серии, знаеме колку беа популарни.

Посебно „Наше маало“. Уживавме во снимањето, популарноста знаеше на моменти да биде голем залак, бидејќи бевме деца, но сепак носам само убави спомени од тие времиња.

Што си снимил последно? Ти фали ли работата на филм/серија?

Последно? Настапот во Битола, ха, ха. Израснав пред камера.

Сериите и филмот се пасија и љубов. Се надевам наскоро ќе се гледаме со публиката и во таква форма.

bojan-velevski-stend-ap-komichar-vo-kochani-me-fati-smea-srede-nastap-soprugata-ne-mozham-da-ja-omeknam-so-shega-koga-mi-e-luta-18_copy.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg