Данче Азманова Мирчевска: „Започнав свој бизнис додека бев бремена, реакциите кога доставував нарачки со стомак беа прекрасни“

Работа од дома vs. работа од канцеларија за време на бременост и мајчинство?

Како фриленсер, работењето од дома за време на бременоста и мајчинството имаше навистина добри страни, но и голем број на недостатоци што директно се одразија врз моето ментално здравје.

Во бременоста, предностите од работењето од дома ги гледав во тоа што можев да си дремнам кога и да сакам, водена од нереално огромната потреба за спиење, да работам од кревет, можев цел ден да си седам дома во удобна облека, имав пристап до домашно зготвени јадења и најважно - логистички полесно се справував со мачнините и честото мокрење.

kreirav-svoj-biznis-dodeka-bev-bremena-reakciite-koga-dostavuvav-narachki-so-stomak-bea-prekrasni-danche-azmanova-mirchevska-za-karierata-i-majchinstvoto-06.jpg

Сепак, недостатокот од социјализација кога не си опкружен со луѓе (туку само со својата мачка), си го земаше својот данок.

Самата изолација од надворешниот свет ми се одрази на расположението што веќе и онака ми беше под влијание од хормоните, а постојаната грижа дали сè ќе биде во ред со бременоста ја правеше изолацијата само уште потешка. Едноставно, колку и да имав полни раце работа, ми беше навистина здодевно.

Откако се породив, си дадов само еден месец пауза за да си дојдам при себе, а потоа си продолжив со работа. Кога работиш за себе и работата ти претставува релаксација, наместо тортура, немаш потреба да си земеш одмор. Ова не значи дека го занемаруваш своето бебе. Напротив, работам исклучиво кога бебето спие или го чува некој друг.

Како нова мајка, имам само неколку скапоцени часа слободно време во текот на денот.

Прашањето е - дали ќе ги поминам гледајќи Нетфликс, скролајќи низ социјалните мрежи или работејќи за себе? Одговорот веќе го знаете.

Кои беа вашите најголеми кариерни предизвици како нова мајка?

Досега најголемиот предизвик со кој се соочив и сè уште се соочувам е како да работам со полн умствен капацитет со помалку часови сон, како да пишувам навечер (мојот најплоден период од денот за инспирација и пишување) кога сум навистина уморна на крајот на денот.

kreirav-svoj-biznis-dodeka-bev-bremena-reakciite-koga-dostavuvav-narachki-so-stomak-bea-prekrasni-danche-azmanova-mirchevska-za-karierata-i-majchinstvoto-13.jpeg

Секако, силно кафе е дел од решението.

Кои се вашите стратегии и тактики за менаџирање со време и баланс мајчинство-кариера?

Уште од самиот почеток, пробував различни тактики за да успеам да постигнам сè што сум зацртала за денот. Најчесто завршував преморена, со чувство дека не сум била продуктивна и ништо не сум постигнала.

Во последниов период, методот time blocking навистина ми носи резултат.

Овој метод функционира на следниов начин:

Секој дел од денот си блокираш време за одредена активност, исто како што букираш состаноци на Google календар. На пример, утрата ми се посветени за прошетка во околните паркови и играње со бебето.

Претпладнето е време за неколкучасовна фокусирана работа кога успевам да завршам 99% од работните обврски, бидејќи ако не тогаш, навистина нема кога.

Попладнето е време за готвење, играње и читање книга.

Вечерта е наменета за прошетки со партнерот и бебето, дружба со другарките, вежбање или довршување на итни работни задачи. 

Секако, не би можела да го постигнам овој баланс, да водам бизнис и платформа со неколкумесечно бебе, без безусловната поддршка од мојот сопруг Дејан.

kreirav-svoj-biznis-dodeka-bev-bremena-reakciite-koga-dostavuvav-narachki-so-stomak-bea-prekrasni-danche-azmanova-mirchevska-za-karierata-i-majchinstvoto-02.jpg

Верувам дека како што ќе расте бебето и ќе му се менуваат ритуалите, така ќе треба да трпи промени и мојот распоред.

Но, ако нешто научив во мајчинството, е дека едноставно треба да се адаптираме на секоја промена, без разлика дали тоа е спиење од 12 часа во бременоста до 3-4 часа како мајка, или пак нашето ново пост-породилно тело, што можеби не изгледа така добро во бикини како порано, но затоа пак имало капацитетот да создаде човечко суштество и тоа е најисполнувачкото чувство на целиот свет и треба бескрајно да му бидеме благодарни и да го наградиме за тоа (со здрава исхрана, физичка активност и квалитетен сон).

kreirav-svoj-biznis-dodeka-bev-bremena-reakciite-koga-dostavuvav-narachki-so-stomak-bea-prekrasni-danche-azmanova-mirchevska-za-karierata-i-majchinstvoto-15.jpeg

Кој е најдобриот совет кој секоја мајка треба да го има на ум?

Кога ќе станеш мајка, не мораш да избираш помеѓу свесно мајчинство или кариерна експанзија!

Со добра организација, можеш да го имаш најдоброто од двата света.

Не заборавај: Не си сама во ова!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg