Црна венчаница, зурли од Галичник: Мартин и Катерина направија уникатна свадба во Сули ан во Скопје (фото)

Ништо не е тешко кога на крај сѐ убаво ќе излезе. Имавме огромна помош од луѓето околу нас и пријателите за сѐ да изгледа така беспрекорно.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-23.jpeg

Нашата желба беше нековенционална свадба и свадба која повеќе ќе изгледа како журка, отколку класична свадба, па затоа и беше закажана во четврток, бидејќи баш беше период на многу свадби и обично сите се преку викенд, па така одлучивме да биде четврток.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-10.jpeg

Една од желбите на Катерина беше да носи црна боја на венчаница, па така преку ден во црква и дома бевме облечени во традиционална бела боја, а вечерта се облековме во црно и излеговме на бина, откако се собраа сите гости за да ја најавиме свадбата за почната.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-26.jpeg

На прославата половина од гостите беа повозрасни, па не беше во ред да стојат цела ноќ и затоа поделивме дел за седење и стоење, иако сфативме дека цела вечер сите се забавуваа и никој не седна.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-06.jpeg

Музиката беше повеќе од идеално испланирана, па така немаше никаков застој или пауза за вечера, а најголемо изненадување беа зурлите од мојот крај Галичник.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-11.jpeg

Свадбата за нас двајца беше дефинитивно најубавиот ден кој некогаш сме го имале во животот и имаше огромно количество на љубов и енергија, како кај нас, така и кај сите гости кои нескромно кажаа дека сме ги поместиле стандардите за добра свадба“.

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-28.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-27.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-24.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-19.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-14.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-12.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-08.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-04.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-03.jpeg

crna-venchanica-zurli-od-galichnik-martin-i-katerina-napravija-unikatna-svadba-vo-suli-an-vo-skopje-foto-02.jpeg

Прочитајте и Во домот на Мартин: Уникатен стан со кровна градина во Градски ѕид во Скопје (фото)

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика н... „Пред да отидеме во ресторанот, моравме да направиме кратка пауза, па со Мартин ...
Данијела Мартиновиќ за CRNOBELO: „Со Јосип го пронајдов својот мир“ „Јосип ме изненади со еден прекрасен романтичен гест - многу сакам цреши и дрвја...
Д-р Мартина Амбарџиева, уролог: „Најчести симптоми за рак на тестисите се безболна грутка или оток в... „Во текот на мојата кариера сум сретнала повеќе необични и комплексни случаи. На...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg