Успешни Македонци низ светот: Сестрите Анастасја и Елизабета од Скопје 12 години водат свој моден бренд во Австрија
Кажете нешто повеќе за новата колекција - колку модели има, кои бои и материјали доминираат?
По трагите кои ги остави короната зад себе, оваа година можете да почувствувате воздишка на олеснување.
По тешкото време повторно станувате од „пепелта“. Токму затоа сегашната колекција ја нарековме Phoenix.
Ова оди рака под рака со изборот на фини материјали како свила, лен и вискоза.
Што се однесува до боите, најмногу се ограничивме на црно-бело за непотребно да не го одвлекуваме вниманието од карактерот на носителот.
Во исто време, боите ја симболизираат пепелта и силната светлина.
Нашите креации не се за масовен пазар - имаме строго ограничени мали серии кои се индивидуално прилагодени на нивниот носител.
Колку долго се занимавате со мода и креирање? Колку време постои вашиот моден бренд?
Модата отсекогаш e наша страст.
Ја основавме нашата модна етикета пред 12 години.
Дали работите сè заедно со вашата сестра? Како ви се поделени обврските?
Бидејќи заедно емигриравме како деца, односот помеѓу нас е особено близок. И ние совршено се надополнуваме.
Затоа заедно ја водиме компанијата. Додека јас сум одговорна за креативната работа, Елизабета се грижи за администрацијата и комуникацијата.
Ја познавате ли модната сцена во Македонија? Што мислите за неа?
Не би се нарекле интимни познавачи на македонската модна сцена, бидејќи нашиот фокус досега беше повеќе западно ориентиран.
Но, неколку дизајнери веќе ни го привлекоа вниманието.
Со нетрпение очекуваме да се запознаеме подобро со нив и нивната работа во блиска иднина.
Имате ли своја продавница (ателје)? Каде може да се најдат вашите креации?
Да, нашата модна куќа во Австрија постои веќе 12 години и се наоѓа на границата со Швајцарија, Лихтенштајн и Германија.
Сите модели се произведуваат во нашата фабрика.
Дополнително, постои и директна поддршка која им ја обезбедуваме на клиентите.
Како би ја опишале вашата успешна бизнис приказна? Колку се гордеете со себе и сè што постигнавте досега?
Благодарни сме за сите позитивни искуства што ги поминавме.
Исто така, благодарни сме и за помалку позитивните, бидејќи учевме и од нив.
Како што веќе спомнав, модниот свет е брз и тежок свет.
Немате време за одмор и уживање во успесите - тоа би било најстрого казнето најдоцна до следната сезона.
Постигнавме многу, и секако сме горди на постигнатото, но имаме уште многу планирано за во иднина.
Кои се тогаш вашите идни планови?
Повторно се сетивме на нашите корени.
Во секој случај, има некои многу возбудливи проекти кои ни претстојат.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело