Сања Стојанова 19 години страда од алопеција: „Преку ноќ ми опадна цела коса, сега знам дека надворешниот изглед е најмал проблем“

„Кога останав бремена со првото дете ми порасна косата сама од себе… Ми падна товар од срцето кој веќе долги години го носев, мислев дека се спасив, но кога престанав да дојам со брзина на светлината ми ја снема целата таа убава густа коса што мислев дека ќе остане“ – раскажува за CRNOBELO.com Сања Стојанова од Велес која од својата 13-та година се бори со алопеција. Таа искрено зборува за подемите и падовите, за борбата со несигурноста и начинот на кој успеала повторно да си ја врати самодовербата.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-01.jpg

Сања Стојанова (32) од Велес е мајка на две дечиња која долги години се бори со алопеција ареата. Охрабрена од Цеце Николова која јавно излезе и проговори за состојбата, и Сања одлучи да ја раскаже својата приказна и борбата со состојбата која во изминатите години земала голем данок во нејзиниот живот.

Сања дипломирала на Факултетот за туризам и угостителство, но поседува игротека за тинејџери во Велес, (Cool kids playhouse) и работи со дечиња на возраст од 9 до 18 години.

„Работата сама по себе е песна, затоа што просторот не е стандард игротека, повеќе е во стил на 90-тите години со интерактивни игри кои ги прават тие два часа исполнети до максимум, па така многу често и времето ми лета брзо додека имам родендени“ – вели таа.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-26.jpg

Сања за читателите на CRNOBELO.com одлучи да ја отвори душата и да сподели што значи да се живее со алопеција и кои се предизвиците кога во однос на изгледот отскокнуваш од средината и се разликуваш од другите...

Како изгледа животот кога постојано треба да внимаваш да не ти падне периката во јавност или да ја криеш косата со шапки и капи, да ги црташ веѓите, но и за тоа кој е патот за да се врати самодовербата и да се избориш со сопствените стравови и несигурности.

Интервјуто со Сања за CRNOBELO.com:

Појасни ни накратко што е алопеција и кога за првпат дозна дека се соочуваш со оваа состојба?

Јас имам алопеција ареата, којашто се декларира како автоимуна болест, која предизвикува ненадејно опаѓање на влакната на главата (односно косата), лицето, а понекогаш знае да опфати и други делови на телото.

Тоа значи дека имуниот систем на телото ги препознава како штетни сите здрави клетки и почнува да ги напаѓа.

Тоа значи дека наместо да се храни влакното, тоа почнува да се суши и губи. Обично косата се губи во форма на мали кругови кои потоа се прошируваат како што таа напредува, што може да предизвика да опаднат сите влакна на телото.

Моментот кога за првпат ми се појави тоа едно мало крукче без коса бев на возраст од 13 години во основно образование.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-03.jpg

Кои беа првите симптоми дека имаш алопеција? Што беше она што те наведе да посетиш лекар за да добиеш дијагноза?

На почеток не го сметавме за нешто страшно затоа што имаше моменти самата коса на тоа место ќе си порасне, па потоа на ново место ќе опадне и сметавме дека е минливо.

Лекар посетив после 6 години кога драстично почна да се шири на многу места на скалпот на главата и почна да ме фаќа висок степен на паника.

Имаше ситуација кога при спиење ми падна на перница цела коса и утрото се разбудив во еден куп коса која не беше повеќе на мене, туку до мене. Како и сите родители, така и моите дадоа сè од себе да се дознае што ја предизвика оваа ситуација.

Најпрво како што се сеќавам одевме по народни лекари, ми даваа природни масти, креми, третмани со алкохол и што уште не од препораки на луѓе кои веднаш штом ме видат нè упатуваа некаде каде што слушнале.

Докторите од друга страна од првиот преглед констатираа алопеција со одговор дека е наследно и индицирано од стрес.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-04.jpg

Постои ли лек за алопецијата?

Колку што јас сум запознаена досега не постои никаков лек за оваа состојба. Намерно ја нарекувам „состојба“, а не болест, затоа што реално и не е болест.

Сè е во ред со целото тело и организмот, само што поради некој индикатор кој сè уште науката не го открила, телото наместо да се брани, се напаѓа себеси.

Сум помислила и за пресадување на коса, но кај алопецијата се уништува фоликулата на влакното и нема начин да се пресади влакно и тоа да опстои и расте во оштетена и нехранлива фоликула. Затоа и престанав да истражувам на оваа тема.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-09.jpg

Колку е честа оваа состојба во Македонија и дали луѓето често отворено зборуваат за предизвиците со кои се соочуваат?

До скоро воопшто не се зборуваше на оваа тема, јас лично само со најблиските ја имам дискутирано, но потоа тука се појави Цеце Николова која ги разби сите бариери и толку искрено ја опиша болката со која секој од обележаните со алопеција се соочува што ми даде мотив да истапам од сенката.

А искрено сè почесто слушам за ситуации со алопеција, дали е ареата, тоталис или универзалис, но сè уште тоа е табу-тема.

Жално е што сè повеќе млади се соочуваат со овој проблем, повеќе е застапена кај мажите, но тие многу полесно го прифаќаат фактот да одат без коса, за разлика од жените каде надворешниот изглед ја прави жената тоа што е: косата ѝ ја дава таа женственост и сигурност да биде жена…

Но и оваа констатација ми ја поби Цеце со нејзината неверојатна самодоверба и ми покажа дека не е сè во надворешниот изглед.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-10.jpg

Колку влијаеше оваа состојба врз тебе како личност? Сметаш ли дека состојбата ти го наруши квалитетот на живот?

Да! Додека јас дозволував да биде така, алопецијата ми спречи развој на многу полиња од животот.

Јас никогаш не покажав пред останатите слабост, освен пред моите другарки… Како ми е со сè што се случуваше оставав дома и кога излегував, бев секогаш позитивна и не дозволував ничија критика да допре до мене (иако допираше).

Но, секогаш на крајот на денот зад завесите е мрачно, кога се гледав во огледало не се чувствував женствено.

Морам да напоменам дека во тие периоди на најниска самодоверба и самоуништување ги изгубив веѓите, трепките, косата и сите влакна на телото, па така ја купив и мојата прва перика.

sanja-od-veles-19-godini-se-bori-so-alopecija-koga-bev-so-najniska-samodoverba-ja-izgubiv-celata-kosa-sega-znam-deka-nadvoreshniot-izgled-e-najmal-problem-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg