Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милена во невестински фустан“

По невестата отиде со црвен олдтајмер. Каде го најде?

Олдтајмерот е на еден наш пријател – Попето, кој е воедно и колега на татко ѝ на Милена.

Јас имав намера да го барам, ама тој само што ја видел објавата за запросувањето, се јавил на татко ѝ и му рекол: „Честитки. И да знаете, автомобилот е ваш“, сам ни го понуди за свадбата.

И тоа беше еден преубав избор, кој заедно со мојот стил и фустанот на невестата, направија една посебна приказна.

viktor-apostolovski-po-medeniot-mesec-na-lefkada-najubavo-mi-beshe-koga-ja-vidov-milena-vo-nevestinskiot-fustan-na-svadbata-05.jpg

Ѝ купи ли свадбен подарок на Милена и таа на тебе?

Си купивме по нешто што ќе си го носиме со нас постојано. 

А покрај материјалните работи, јас направив еден подарокза душа, што ќе остане засекогаш.

Тие што беа на свадбата знаат, останатите ќе имаат можност да го чујат/видат наскоро.

viktor-apostolovski-po-medeniot-mesec-na-lefkada-najubavo-mi-beshe-koga-ja-vidov-milena-vo-nevestinskiot-fustan-na-svadbata-03.jpg

Каде бевте на меден месец? Заминавте брзо по свадбата...

Планиравме да одиме за Хургада, ама се искомплицира нешто, се смениле чартерите за некој термин подоцна, а нам тоа не ни одговараше, па во последен момент тргнавме за Лефкада.

И да ви кажам право, беше преубаво! Уживавме таму 10 дена раат.

viktor-apostolovski-po-medeniot-mesec-na-lefkada-najubavo-mi-beshe-koga-ja-vidov-milena-vo-nevestinskiot-fustan-na-svadbata-10.jpg

Додуша, многу скали имаат некои од плажите, ама многу убаво си поминавме - преубава природа, преубави плажи, гирото беше онака, ама затоа благото - мераци! 

Единствена грижа ни беше само автомобилот да не нè остави некаде по планините.

viktor-apostolovski-po-medeniot-mesec-na-lefkada-najubavo-mi-beshe-koga-ja-vidov-milena-vo-nevestinskiot-fustan-na-svadbata-15.jpg

Како изгледаат првите денови во брак? Што ти годи најмногу? И дали го имате вообичаениот проблем на младенците – сите да сакаат да ви дојдат на гости?

Засега брачниот живот е супер. Невестата сака да зготви, да ми угоди, а јас ѝ помагам со домашните задачи. Нам ни е супер.

И да, сите сакаат да ни дојдат на гости, да го видат нашето ново катче, па си се договараме кој кога е слободен. 

viktor-apostolovski-po-medeniot-mesec-na-lefkada-najubavo-mi-beshe-koga-ja-vidov-milena-vo-nevestinskiot-fustan-na-svadbata-13_copy.jpg

Повеќе фотографии од Виктор и Милена на следната страница:


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg