Славица Ангелова по победата во „Ѕвездите на Гранд“: „Никаде не одам без знамето, јас сум горда Македонка“

Како течеше твојот пат до победата? Сама ги бираше песните со кои се натпреваруваше или со помош на твојот ментор?

Уште од првиот круг интересно беше што јас ја добив првата осмица. Тоа беше впечатлив момент меѓу жирито, но и кандидатите.

Во текот на целото натпреварување имаше и падови и изненадувања, сум била и критикувана. Но, секогаш публиката и жирито беа тие од кои можев да ги увидам моите добри и лоши моменти.

Песните ги биравме заедно со мојот ментор, кој многупати знаеше да ми посочи некоја песна која никогаш дотогаш ја немав слушнато. Благодарение на него и неговата упорност сфатив дека можам да се пронајдам и во други правци во музиката.

Во текот на целиот натпревар имавме 96 проби, и нормално беше да имавме и несогласувања. Тоа беше најчесто поврзано со некоја песна која тој сметаше дека за мене е идеална, а јас ги негирав неговите мислења.

slavica-angelova-po-pobedata-vo-dzvezdite-na-grand-nikade-ne-odam-bez-znameto-jas-sum-gorda-makedonka-09_copy.jpg

Каков е Ѓорѓе како ментор, а каков е како човек?

Како ментор е многу строг, неуморлив и трпелив. Како човек е најдобриот човек, пријател со големо срце.

Од него за овие 9 месеци научив многу работи. Научив да се биде упорен, научив дека можеме многу повеќе отколку што мислиме. Во сите кандидати гледаше едно семејство и нè учеше дека треба да си помагаме едни со други.

Тој трпеливо работеше со нас. Имаше и смеа и плачење, лутење и радости во текот на пробите.

slavica-angelova-po-pobedata-vo-dzvezdite-na-grand-nikade-ne-odam-bez-znameto-jas-sum-gorda-makedonka-11.jpg

А дали некој од коментарите на другите членови на жирито те навредил или секогаш беа коректни?

Секој коментар даден од жирито, било позитивен или негативен, е со добра намера. Само така со искрени коментари и препораки може да се формираме како пејачи.

Дали си во контакт со македонските натпреварувачи од минатите години? Некои од нив и јавно те поддржаа и бараа да се гласа за тебе...

Огромно благодарам до сите мои колеги за огромната поддршка. Среќна сум што несебично сите имаа удел во мојата победа.

Научив една многу важна работа во животот - за да успееш потребни се многу луѓе, пријатели и роднини. Сам човек никогаш не може да постигне успех.

slavica-angelova-po-pobedata-vo-dzvezdite-na-grand-nikade-ne-odam-bez-znameto-jas-sum-gorda-makedonka-06_copy.jpg

Ти се натпреваруваше и во шоуто „Неки нови клинци“ – до каде стигна таму?

Од мојата 15-та година почнав посериозно да се занимавам со музиката, кога се појавив во натпреварувањето „Неки нови клиници“.

Тој натпревар ми овозможи музиката да ја разберам посериозно. Таму стигнав до полуфиналето.

Не се откажав од музиката и бев сигурна дека еден ден ќе зачекорам на сцената на „Ѕвездите на Гранд“.

slavica-angelova-po-pobedata-vo-dzvezdite-na-grand-nikade-ne-odam-bez-znameto-jas-sum-gorda-makedonka-14.jpg

Какви ти се идните планови? Подготвена ли си да се преселиш во Србија поради кариера?

Уште пред да бидам прогласена за победник, заедно со мојот ментор имавме некои планови во врска со можни концерти и некои настапи во Македонија, но и пошироко заедно со бендот на Ѓорѓе.

Покрај овие концерти и настани имам некои планови за нови песни, вклучувајќи ја и песната која ја добив од „Гранд продукција“.

Но, сè уште не сум размислувала за преселба во Србија.

Во моментот живеам во Софија, иако не е исклучена можноста да се префрлам да студирам во Белград. Но, сè зависи од многу фактори, па времето ќе покаже.

slavica-angelova-po-pobedata-vo-dzvezdite-na-grand-nikade-ne-odam-bez-znameto-jas-sum-gorda-makedonka-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg