Љубовната приказна на Драгица од Скопје и Марк од Бејрут: „Ме запроси во Либан, а се венчавме во Македонија“

На 22-ри јуни имавме свадба во Скопје, во Ресторан Едера Руфтоп, каде што присуствуваа најблиските на Марк, а на 2-ри јули ќе правиме свадба и во Бејрут каде што ќе дојде моето семејство и најблиски другарки.

Свадбата во Скопје беше нешто што ги воодушеви сите гости, особено гостите од Либан, бидејќи се потрудив да им го доловам традиционалното, македонското, и истото да го спојам со интернационално.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-08.jpeg

Марк веќе бил на македонски свадби и точно знаеше што сака да вклучиме во нашата свадба.

Од традиционалното најмногу им се допаднаа обичаите кога доаѓаат по невеста со музика, кршење на погача и буткање на врата. Дури и се трудеа да научат како да ги играат нашите ора.

Имавме и либански ора наречени „дабке“ каде што гостите од Либија ни покажаа како ги играат своите ора и македонските гости се потрудија да ги играат.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-04.jpeg

Воедно, на свадбата свиреа и виолини за време на приемот и на матичното, потоа истиот бенд кој дојде по невеста беше задолжен за веселата атмосфера и на крај завршивме со ДЈ. Имавме гости од многу различни држави и сите беа восхитени од нашата музика, нашата весела природа и гостопримството.

Марк веќе бил во Македонија повеќепати и на сите им кажува дека е Македонија место кое треба да се посети, па дури и направи план каде да ги шетаме гостите после свадбата.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-06.jpeg

Така, дента после свадбата се упативме кон Охрид и сите беа воодушевени од убавините и историјата. Македонската храна им стана омилена, обожаваат гравче тавче, пинџур и ајвар, дури бараа и рецепти за да можат да си зготват сами.

Пред заминувањето за Бејрут, купија многу македонски производи кои ќе ги подарат на своите пријатели бидејќи е нешто потполно различно од тоа што го јаделе и виделе досега. Сите ветија дека ќе се вратат во Македонија многу скоро.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-10.jpeg

Мора да кажам некој збор и за Либан, јас таму сум била повеќепати и секојпат ме изненадува повторно и повторно.

Либан е помала држава, но со поголема населеност од Македонија. Таму луѓето се грижат за својот изглед, и следат бонтон и во најобични секојдневни ситуации.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-07.jpeg

Луѓето се многу дружељубиви и позитивни и секогаш се спремни да помогнат. Неговото семејство ме прифати како нивна ќерка и јас сум многу среќна за тоа.

Ние меѓу себе разговараме на англиски јазик, но Марк почна да учи македонски и одлично му оди. Арапскиот јазик е многу тежок, па мене ми оди малку потешко.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-13.jpeg

Ние имаме многу заеднички особини, двајцата обожаваме да патуваме, па така веќе сме посетиле заедно многу држави, но некои од омилените патувања ни се Маурициус, Кипар, Италија. Воедно, планираме да патуваме за Јапонија и Америка.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-17.jpeg

Исто така, двајцата сме многу приврзани за нашите семејства, па една од нашите желби е да имаме големо семејство.

ljubovnata-prikazna-na-dragica-od-skopje-i-mark-od-bejrut-me-zaprosi-vo-liban-a-se-venchavme-vo-makedonija-19_copy.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg