Тина Алексовска по операцијата на отворено срце: „Заради резот на телото, мислев никој веќе нема да ме сака - по 8 месеци го запознав сопругот“

Како почна твојата музичка кариера? Спомена дека било „за инает на татко ти“...

Татко ми, бидејќи е професор по ликовно, сакаше и јас тоа да бидам, но јас не сакав. Не сакав ни да пеам, си мислев дека ќе бидам воено лице.

Но инаетот е страшна работа. Се обложив со него и станав да пеам. Луѓето ме прифатија како цел живот да сум пеела.

Потоа пеев во Хрватска цело лето, па во Охрид секое лето, во Скопје - веќе не знам ни сама каде немам пеено.

Пеев и на сите прослави на ракометарките на Кометал Ѓорче Петров и на господинот Трифун Костовски, на свадбата на Александар Митевски, пеев и со хрватската пејачка Зорица Конџа, Киќо Слабинац.

Покоен Тоше Проески ми ја донесе во кафе-бар „Змија“ Данијела Мартиновиќ. Ѝ пеев и на Есма Реџепова, многу пеев и со нашиот сега починат виолинист Зоран Џорлев.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-02.jpg

Дали некогаш сними песна или публиката те препознава само по твоите настапи?

Само 2 пати ми понудија песна и јас одбив бидејки не ми се допаѓаа.

Од друга страна, немав пари за да ги снимам тие глупости. Си реков - ако давам пари барем да дадам за нешто што ми се допаѓа.

Јас со моите настапи сум нон-стоп на свирки од 1997 година. Имаше денови кога пеев секој ден, имаше денови и кога пеев од 21.00 до 09.00 наутро, па да не ми е криво што немам моја песна.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-06.jpg

Неодамна се омажи. Каде живеете со сопругот, во Македонија или Германија?

8 месеци по операцијата пеев на свадба на која требало да дојде мојот сопруг. Но бидејќи живее во Германија не стигнал да дојде. Младите, кои сега ми се кумови, решија да нè запознаат бидејќи сме биле создадени еден за друг.

Кога го видов неговиот профил на Фејсбук, се сетив дека го познавам од диско. Тој се сетил на мене и во порака стоеше дека точно знае која сум и дека е среќен што после толку време патиштата можеби ќе ни се спојат.

Искрено не бев воодушевена што треба да имам врска со некој што живее во Германија, плус има 2 деца. Не им верував на луѓето во Скопје, а не на некој толку далеку.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-12.jpg

Размислував и не му одговарав на пораката, си реков „Вакви стресови на оперирано срце воопшто не му требаат“.

Тој ми пиша уште една порака, па ми беше срам да не одговорам. Си реков: „Тина, ти срце оперираше, се плашиш на еден маж да му вратиш порака“. Муабетот течеше како цел живот да сме заедно.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-28.jpg

По еден месец пишување тој дојде на одмор во Скопје, излеговме, сè беше нормално. Си одговаравме како тенџере и капаче, сме поминале слични работи во детството, сме имале тешки операции и двајцата, тој се борел со рак сам со две деца. Буквално се најдовме во муабетот за многу работи.

Потоа се запознав и со синчето, ми беше важно како ќе ме прифати. Но, детето по 2 дена му рече на татко му пред сите: „Тато јас не сакам да бараш друга девојка“.

Во меѓувреме на Фејсбук ми пиша и неговата ќерка. Ни тргна муабетот. Јас ѝ одговорив искрено на сите прашања. Бидејќи имав проблем со крвта, со докторот решивме да си дадам пауза од пеење.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-13.jpg

Заминав на 3 месеци во Германија. Таму живееме во Делменхорст, мало мирно гратче, две езера и огромен парк кое е тотална спротивност на ова на кое сум научена.

Но разбирањето со сопругот ми беше поважно од гратчето во кое живеам. Во тие 3 месеци размислував и гледав дали можам јас да живеам таму.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-25.jpg

Се вратив во Скопје, не знаев дали ќе ни продолжи врската - веднаш направив контроли и пак почнав со пеење. Си пишувавме секој ден повторно 3 месеци.

Тој ми рече дека за мојот роденден на 31 јануари 2023 ќе дојде да ме побара за жена.

Си реков „Овој не е нормален, се познаваме само 7 месеци“.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-08_copy.jpg

Тој сакаше да направиме само ручек со најблиските, јас сакав мини свадба. Прифати, буквално како на пазар се договоривме, се средивме и се венчавме во Скопје.

Свадбата помина феноменално со 110 луѓе, колегата Сашо Николовски со уште двајца колеги се погрижи за музиката, а јас отпеав неколку песни.

Сега живеам 3 месеци таму, 3 месеци ваму. Сè уште немам германска виза, чекам за спојување на семејство, учам и германски јазик, а во меѓувреме нон-стоп си пеам.

tina-aleksovska-imashe-operacija-na-otvoreno-srce-plachev-poradi-rezot-na-teloto-mislev-nikoj-vekje-nema-da-me-saka-po-8-meseci-go-zapoznav-soprugot-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg