Маја од Скопје е мајка на предвреме родено бебе: „По 57 дена ја земавме Петра и дознавме дека итно мора да ѝ го оперираме мозочето“

Што значи оваа операција? Колку често треба да одите на контроли по операцијата?

Оваа операција докторите ја нарекуваат рутинска, затоа што трае кратко, но за мене не е баш така затоа што нели сепак главчето на толку мало бебе се отвора за да се вметне шантот.

Петра цел живот ќе си живее со шантот во главчето, а колку време ќе работи шантот не знаеме ниту ние, ниту докторите, тоа сè зависи од нејзиното мозоче, кога мозочето ќе биде спремно таа вода што се собира да ја апсорбира сам, тогаш веќе шантот престанува со работа.

Контролите сега ги правиме на секои 2 месеца кај нашиот неврохирург и невролог, во август ќе правиме магнетна резонанца и веќе потоа ќе знаеме што и кој чекор ќе се презема понатаму.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-17.jpg

Имаше ли поддршка од најблиските додека се боревте за животот на Петра? Кој беше постојано тука за тебе?

Поддршка имав од најблиските членови на семејството секојдневно, мајка ми секој ден доаѓаше и спремна беше да ме ислуша за сè, исто така и сопругот кој покрај неговата работа секој ден наоѓаше време за мене, за разговор, за утеха, можам да кажам дека во овие моменти додека јас цело време паѓав, тој секојпат ме креваше одново и одново.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-21.jpg

Како реагираше постарата сестричка на Петра?

Илина уште додека бев бремена знаеше дека мама во мешето има бебе и доаѓаше го бакнуваше, галеше, додека Петра беше во болница ги бакнуваше нејзините фотографии и викаше: „Дадее“…

Моментот кој ќе го паметам беше кога првпат се опушти и се доближи до Петра, па почна да ја гали и да ја бакнува, иако овој период се соочуваме со голема љубомора од нејзина страна она секогаш кога и да плаче Петра ја смирува иако е тоа пак од далеку.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-08.jpg

Како се чувствува денес Петра? Дали големиот број компликации влијаат врз нејзиниот развој?

Денес Петра е супер напредно бебе кое веќе ги стигна своите врсници, немаме никакви компликации фала Богу, сè што прават нормално родени бебиња тоа го прави и Петра, а веќе почнавме и да ручкаме друга храна освен млекото.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-14.jpg

Која е според тебе најважната лекција што ја научи за време на овој период и што би сакала да ја споделиш со другите?

Овој период ме научи на трпеливост и колку молитвите можат да помогнат ако се кажани од срце и од душа, ме научи и дека секогаш треба да се борам затоа што знам по Петра дека храбрите и борбените секогаш успеваат и наоѓаат начин да победат во секоја битка.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-19.jpg

Што ќе им порачате на мајките што во моментов имаат предвреме родени бебиња?

Никој немојте да престанете да имате надеж, секогаш верувајте му најпрво на своето бебе, па потоа на Господ, вербата, надежта и љубовта можат многу работи да променат, а и да поправат.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-16.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg