Маја од Скопје е мајка на предвреме родено бебе: „По 57 дена ја земавме Петра и дознавме дека итно мора да ѝ го оперираме мозочето“

„Породувањето се одвиваше одлично. Петра со тивок плачлив глас, ми ја доближија на кратко, ја бакнав по ноџето и ја однесоа во инкубатор. Дијагнозата на Петра ја добивме на 10-ти јануари и направивме операција која заврши успешно“ – раскажува за CRNOBELO.com Маја Ристовска, мајка на малата Петра која во ноември минатата година се роди во седмиот месец од бременоста и имаше проблеми, но сега напредува одлично.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-01.jpg

Петра Ристовска од Скопје е бебе-херој. Родена во 30-тата недела, таа мораше да се бори со клиничка сепса, крвавење на мозочето, хидроцефалус предизвикан од крвавењето, а потоа мораше да има и операција за да ѝ се вгради шант, што ќе помогне да се извади вишокот вода од мозочето.

За предизвиците со коишто се соочило семејството разговаравме со мајката на Петра, Маја Ристовска, која ни раскажа како се одвивала бременоста, породувањето, но и борбата за животот на малата Петра, која денес веќе се развива како да е нормално родено бебе, без никакви знаци на застој во развојот.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-02.jpg

Маја Ристовска (25) во моментов е невработена мајка на две мали дечиња, а има мал бизнис на Инстаграм каде што изработува рачно изработени аксесоари за деца и возрасни.

Таа на социјалните мрежи исто така редовно споделува видеа и фотографии со кои ја раскажува борбата на малата Петра за животот, за тешкиот и трнлив пат што го поминале од породувањето, до операцијата на мозокот.

View this post on Instagram

A post shared by 🎀🅼︎🅰︎🅹︎🅰︎🎀 (@majaaaaaaaaaaa__)

Маја открива детали за CRNOBELO.com:

Какви беа емоциите кога дозна дека си бремена по вторпат? Можеш ли да ни опишеш како дозна дека си бремена, како се чувствуваше?

Немав некои симптоми што ми навестуваа дека сум бремена повторно, но нешто одвнатре ме тераше да направам тест и не згрешив.

Кога дознавме бев веќе 4-та недела, а чувствата ми беа измешани многу… Најмногу од тоа како ќе се справам со бебе и со мало дете дома, а исто и заради тоа како ќе се одвива целата бременост.

Постоеше ли нешто што укажуваше дека Петра ќе се роди предвреме? Дали лекарите те предупредуваа дека на нешто треба да внимаваш?

Не, немаше ништо на што требаше да внимавам, целата бременост ја поминав лесно и нормално.

Во 8-ма недела имав хематом, но со мирување веќе на следната контрола во 12 недела беше изгубен.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-03.jpg

Раскажи ни како дојде до тоа да се породиш предвреме со Петра... Што се случи и каде се породи?

Отидов на рутински преглед кај мојот матичен гинеколог и додека ме гледаше на ехо само ми кажа: „Сè е во ред со бебето, ама ти немаш скоро ич плодова вода – мораш веднаш да се упатиш кон Клиниката за гинекологија и акушерство – ГАК“.

Не можам да опишам колку бев беспомошна тогаш, не знам ни како стигнав до ГАК, се јавив на сопругот и веднаш дојде, ме примија на ГАК во Скопје и таму лежев за да видат докторите дали ќе има подобрување, кое, за жал, не се случи и веќе во 30-тата недела ме породија со итен царски рез.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-11.jpg

Како се одвиваше породувањето? Ти дозволија ли да ја видиш Петра и какви беа емоциите во тој миг?

Породувањето се одвиваше одлично. Фала му на Бога, немаше никакви компликации, на 27.10.2022 во 14:00 часот се роди Петра со тивок плачлив глас, иако јас не бев при себе во тие моменти поради лекарствата кои ми ги дадоа, но тој миг нема да го заборавам никогаш.

Петра се роди тешка 1.180 g и долга 39cm, ми ја доближија на кратко само да ми кажат дека е сè во ред, дека е жива, ја бакнав по ноџето и ја однесоа во инкубатор.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-20.jpg

Што се случуваше додека Петра беше во болница? Колку често ви дозволуваа да го видите бебето, дали ве информираа редовно за нејзината здравствена состојба?

Петра додека беше во болница се бореше со инфекција „клиничка сепса“ која долго време ја лекуваа…

Денови кои беа дозволени за посета беа вторник и четврток и тоа имавме време само десетина минути, се јавувавме секој ден да прашуваме за состојбата и одговорите кои ги добивавме секој ден беа:

„Сè е во ред, стабилна е, прима антибиотици, убаво се храни и нејзината килажа денес е таа и таа“, за состојбата со крвавењето во мозокот кое настанало не бевме информирани сè додека не си ја земавме дома и прегледите не почнавме да ги правиме сами.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-10.jpg

Можеш ли да ни појасниш што е хидроцефалус и како дозна дека Петра се соочува со таква компликација?

Хидроцефалус е состојба која настанува од крвавење во мозокот. Кај Петра крвавењето веќе било повлечено, ама коморите на мозочето почнале да се шират и мозокот да се потиснува и да се полни со вода.

За оваа компликација дознавме кога со отпусното писмо отидовме кај д-р. Лилјана Којиќ, која дел по дел го читаше отпусното писмо и ни објаснуваше што сè се случувало цели 57 дена, и по нејзина препорака итно направивме ехо на мозокот во Систина кај д-р. Палчевска која веднаш откри за што станува збор и дека навистина се работи за хидроцефалус.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-09.jpg

Колку време помина откако ја добивте дијагнозата до операцијата на мозочето?

Дијагнозата на Петра ја добивме на 10-ти јануари и на 23-ти јануари ја направивме операцијата која заврши успешно, без никакви компликации и чисто и здраво мозоче, кое во иднина ќе работи без никакви потешкотии.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-12.jpg

Како се одвиваше операцијата за вградување на шант во мозочето?

Операцијата траеше час и половина и помина успешно, водата која беше во мозочето излезе дека е чиста и дека не е инфицирана, исто така и мозокот не беше оштетен, што за нас тоа беше многу важно.

Операцијата ја правеше неврохирург д-р. Благој Шунтов кој до ден денес е присутен за секое прашање и сè што е поврзано околу Петра и нејзиното главче.

maja-od-skopje-e-majka-na-predvreme-rodeno-bebe-po-57-dena-ja-zemavme-petra-i-doznavme-deka-itno-mora-da-i-go-operirame-mozocheto-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg