Александар Белов за татковството: „На ќерка ми ѝ читам приказни навечер, ја хранам и ја преоблекувам“
Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?
Поради работата и настапите ноќе, и мене ми е малку нарушен биоритамот.
Се сеќавам на еден гаф пред некое време, кога почнав да ја заспивам напладне, но сум заспал јас пред неа.
Мина се симнала од креветот, си отишла во својата соба и почнала да си игра.
Кога се разбудив по некои 15-20 минути и сфатив дека ја нема, прво кренав паника, ама веднаш ја слушнав како си зборува нешто по свое во нејзината соба и ми стана полесно.
Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на Мина? А на кого личи повеќе, на тебе или на Јелена?
Мислам дека е премала за да оценам дали има нешто од мојот карактер. Но, знам дека сè што ќе замисли тоа и го остварува.
Мене ме радува што сака музика и што нејзината реакција е секогаш позитивна.
Инаку, на почетокот личеше на мене, а сега малку повеќе на Јелена. Но, мислам дека најмногу личи на самата себе.
Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?
Најубавата работа е тоа што сме родители.
Таа прегратка, тој бакнеж од неа не може да го замени ништо на светот.
А бидејќи пред неколку месеци почна да оди, во моментов ми е најстресно тоа што Мина мисли дека може сè да направи и да стигне секаде, а јас внимавам да не падне, да не се повреди.
Стрес ми е и тоа дали ќе стави во уста нешто што не треба.
Но, најверојатно тоа е нормално и низ ова поминал секој родител.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
A. J. | Црнобело