Актерот Сашо Ристовски има рајско дворче во село Теово: „Го уредувам заедно со родителите, си одгледувам органска храна“
Што се однесува околу уредувањето, тука заеднички ги вложуваме сите своите сили, семејно. Знаете, кога сте заедно сте посилни и покреативни.
Ние како семејство секојдневно работиме и посветуваме внимание не само на дворот со цвеќињата, туку и во одгледувањето органска храна, зеленчук и овошје и чување миленици.
Ова е голема обврска, но тоа ме смирува од сите негативни ветришта кои во овој бурен свет дуваат, а влијат на нас.
Кога ќе се разбудам, го пијам првото утринско кафе и веднаш со голема љубов почнувам да допринесувам во дворот за секој ден тој да изгледа сè поубаво.
Многумина ми се чудеа порано, како и зошто толку љубов кон тоа, но едноставно е - бидејќи тоа сум јас, мојот печат е тоа.
По снимањата или подготовките на премиери и изведби, јас веднаш заминувам таму, а сега сум уште повеќе посветен на нашиот имот, кој ми дава сила за сè.
Во дворот има многу растенија. Од цвеќиња имаме преку трисет видови - рози, кринови, сардели, гладиоли, петунии, рузмарин, маточина, јагоди, малини, боровинка, босилок, есенски цвеќиња, алое, кактуси, турски каранфили, минијатурни каранфили, темјан и уште многу други.
Садници од дрвца има: ореви, лешници, костен, цреша, вишна, аронија, два вида праски, модри сливи, малини, боровинка, кајсија.
За мене исто така е од огромно значње и производството на органска храна, имаме своја бавча со зеленчук каде одгледуваме скоро сè.
Мојот двор во секое годишно време ми е убав, бидејќи во секое време се истакнува со нешто друго“.
А. Ј. | Црнобело