Актерот Сашо Ристовски има рајско дворче во село Теово: „Го уредувам заедно со родителите, си одгледувам органска храна“
- Детали
- недела, 25 јуни 2023
„За да изгледа вака како денес, зад нас е децениска посветеност во уредувањето. Не оди одеднаш сè. Во секој дел од дворот има една историја за нас како фамилија, нешто кое остава траен белег - преку 30 видови цвеќиња, многу садници од дрвца, органска храна“ - вели за CRNOBELO.com актерот Сашо Ристовски.
Актерот Сашо Ристовски, кој е најпознат по улогите во Македонски народни приказни и со улогите во претставите во „Театар Комедија“, ужива да го уредува дворот во семејната куќа во селото Теово, општина Чашка.
Дворот изгледа прекрасно, со многу зеленило, широки тревници и многу детали и украси кои го дополнуваат пријатниот изглед. Во задниот дел од дворот има и базен.
За Сашо, ова е неговиот втор дом и секој слободен миг го минува таму, бидејќи работејќи во дворот, тој го наоѓа својот мир.
Македонскиот актер ни раскажа за својата страст за која знаат малкумина - уредување на дворот и одгледување органска храна.
За CRNOBELO.com Сашо Ристовски споделува:
„Мојот втор дом се наоѓа во село Теово, Општина Чашка. Секој слободен миг го минувам таму, бидејќи само таму успевам целосно да го најдам својот мир.
Тоа е нашиот фамилијарен дом кој потекнува од баба ми, нејзиниот татко. Сега таму се моите родители и, секако, јас.
За да изгледа вака како денес, зад нас е децениска посветеност во уредувањето. Не оди одеднаш сè. Во секој дел од дворот има една историја за нас како фамилија, нешто кое остава траен белег.