Семејство од Македонија ги прави најубавите слатки во Малта: „Локалците се заљубени во нашите специјалитети“

Како реагира локалното население кога ќе проба некои од традиционалните македонски специјалитети?

Првично кога го отворивме бизнисот беше многу тешко на локалните лица да им го објасниш и да им го доловиш тоа какви ние благи продукти имаме. На пример тие се научени да јадат сосема поинакви видови на еклери, со различни состојки кои што ги користат на Малта. Така што сега одлично реагираат локалците.

Заљубени се во нив со тоа што имаме различни коментари за сите одредени продукти што ги правиме, дали е баклава, трилече или еклер или бајадера која што не можат да ја кажат, па ја викаат баџадера...

Во последно време доста нѐ класифицираат како најдобрата слаткарница во Малта, а моментално сме топ 1 рејтинг на Google Reviews.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-23.jpg

Има доста голем број блогери за храна коишто не ставаат на нивните листи во топ 3 слаткарници, во различни категории: за ф’стак крем, за најдобар еклер што го пробале, најдобра баклава...

Сите тие ја тагираат „Mamma’s Sugar“ на своите блогови и на тој начин изразуваат поддршка за она што го работиме.

Исто така локалците се доста воодушевени од нашите производи, а со тоа што сега има директни летови Малта - Скопје има и многу лица коишто ги познавам јас и доаѓаат кај нас да ги јадат продуктите и коишто ова лето планираат да одат да ја посетат Македонија, а ние им даваме насоки што можат да видат и да посетат низ Скопје.

Ги сакаат нашите продукти, ја сакаат нашата храна.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-25.jpg

Како оди постапката за отворање сопствени бизнис на Малта? Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте?

Ако ставиш на кантар, многу е потешко да се отвори компанија и бизнис, но не е невозможно да се направи.

Се бараат голем број документи за да се отвори бизнисот, но е возможно, секако.

Најголем предизвик ни беше локацијата, затоа што не знаевме точно на која локација би сакале да отвориме. Баравме година и пол додека ја најдовме вистинската локација и дефинитивно е погодена, затоа што имаме луѓе коишто доаѓаат од целиот остров.

Имаме дури и луѓе кои што доаѓаат од Гозо, којшто исто така е остров под Малта.

Има доста предизвици кои што заради не европски пасош се соочуваат сите лица но, сѐ е возможно да се направи.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-25_copy.jpg

Постојат ли некои македонски специјалитети што би сакале да ги послужувате, а не можете? 

Не, бидејќи ги имаме сите ресурси кои ни се потребни, а тоа е целокупниот тим на чело со мојата мајка која ги спрема овие слатки.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-21.jpg

Што е она што најмногу ви недостасува од Македонија?

Малта е преубав остров со преубава положба и преубава клима, за жал од Македонија ми фали зеленилото, планините, липите...

Липите се нешто што најмногу ми фали тука.

Дали некогаш сте помислиле да се вратите?

Не, сега за сега не, но никогаш не вели никогаш. Ми фали мојата држава, но после 8 години живеење овде од 2016-та година, можам да кажам дека ова ми е сега некој нов дом.

alen-so-semejstvoto-gi-prodava-najvkusnite-slatki-i-tostovi-na-malta-lokalcite-se-zaljubeni-vo-nashite-specijaliteti-naskoro-kje-otvorime-vtora-lokacija-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg