Светлана Црнокрак ни ги откри тајните за убавина: „Имам чувствително лице, ретко јадам чоколадо и постојано вежбам“

Каква ти е дневната рутина за нега на лицето и телото? Колку се смени таа низ годините?

Бидејќи имам многу чувствителна кожа, особено на лицето, низ годините доста внимавам што користам.

Хигиената и темелното чистење на лицето ми е најважно и колку да ми се спие и каде и да сум, задолжително го правам тој ритуал.

imam-chuvstvitelna-kozha-na-liceto-poradi-bavniot-metabolizam-postojano-vezhbam-i-retko-jadam-chokolado-svetlana-crnokrak-gi-otkriva-ritualite-za-ubavina-06_1.jpg

Преку ден користам серум кој содржи хијалурон, а потоа крем за хидратација на кожата со заштитен фактор.

Навечер задолжително чистење и хранлива ноќна крема богата со пептиди.

Особено внимавам на декоративната козметика, бидејќи секојдневно и многу често ја користам, секогаш бирам да е квалитетна и соодветна на мојата кожа.

imam-chuvstvitelna-kozha-na-liceto-poradi-bavniot-metabolizam-postojano-vezhbam-i-retko-jadam-chokolado-svetlana-crnokrak-gi-otkriva-ritualite-za-ubavina-16.jpg

Колку внимаваш на исхраната? Постои ли храна од која се лишуваш поради изгледот, иако ја обожаваш? Кое ти е омилено јадење и дали им го готвиш дома?

Кога и да ме прашаат на оваа тема, секогаш велам дека во животот повеќе сум гладна отколку сита.

Од кога паметам за себе јас постојано сум под некои диети, режим на исхрана.

Имам бавен метаболизам и доколку не сум физички активна буквално сè се фаќа на мене.

Се трудам на внимавам, а најважно од сè е да не гладувам, туку да се хранам здраво.

imam-chuvstvitelna-kozha-na-liceto-poradi-bavniot-metabolizam-postojano-vezhbam-i-retko-jadam-chokolado-svetlana-crnokrak-gi-otkriva-ritualite-za-ubavina-03_1.jpg

А тоа подразбира многу свежо овошје и зеленчук, не мешам разни видови на храна, јадам протеини и јаглехридати во комбинација со свежа салата. Така и буквално готвам дома.

Што се однесува до мојата омилена храна, обожавам риба и морски плодови, а богами не можам да им одолеам и на тестенините.

Знам понекогаш и 3 коцки чоколадо да си каснам.

Секогаш кога ќе се опуштам со храна дали на некоја прослава, свадба или празници, задолжително потоа следува неколкудневна детоксикација на организмот.

imam-chuvstvitelna-kozha-na-liceto-poradi-bavniot-metabolizam-postojano-vezhbam-i-retko-jadam-chokolado-svetlana-crnokrak-gi-otkriva-ritualite-za-ubavina-14.jpg

Дали вежбаш? Имаш ли фитнес рутина од која не отстапуваш?

Во секој дел од годината сум физички активна. На лето пливам, возам велосипед, а на зима скијам.

Порано одев и на фитнес, но сега некако велосипедот ми стана мој најверен пријател.

imam-chuvstvitelna-kozha-na-liceto-poradi-bavniot-metabolizam-postojano-vezhbam-i-retko-jadam-chokolado-svetlana-crnokrak-gi-otkriva-ritualite-za-ubavina-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Елена Јовческа, естраден уметник: „Свирам 4 инструменти, но гајдата ме прави препознатлива“ „Освен гајда понекогаш може да засвирам зурли и пијано. Салонот за убавина ми е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg