Македонка Палифрова: „Ми дијагностицираа рак на 34 години, откако го родив третото дете во Тексас, но најтешките битки се за најсилните“

Што значи да се прима хемотерапија? Има ли негативни ефекти, како се справи со истите?

Хемотерапијата не ја прифатив лошо. Немам симптоми на гадење, се чувствувам нормално, но лекот за зајакнување (произведување) на имунитет ми делува многу болно.

После секоја хемотерaпија, добивам „on body injector“, што е програмиран да испушти лек 24 часа после хемотерапијата и откако почне да делува, имам многу силни болки во коските и черепот и тоа трае два до три дена постојано.

Тогаш ми е тешко да јадам, а се трудам само многу вода да внесувам во телото.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-10.jpg

Колку медицинските лица во САД имаат поинаков пристап? Дали сè ти е покриено од државата или ти плаќаш приватно?

Тука во Америка, здравственото осигурување е клуч на лечење, па ако немаш осигурување, тешко да имаш брз достап за термин или за што било.

Ретко каде приватно плаќање без осигурување е прифатено.

Здравственото осигурување е приватно платено или бенефит од работодавател, па системот функционира на различен начин од Македонија.

Медицинските лица се постојано достапни во секое време и многу грижливо се однесуваат во сите ситуации. Не треба да познаваш никого за да си згрижен, тоа им е дел од работата.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-04.jpg

Што ти падна најтешко во текот на целиот процес?

Најтешко во целиот процес на лечење е што не можам да бидам 100% како што бев со децата и на работното место, каде се чувствувам исполнета и продуктивна.

Но, знам дека за брзо време и тоа ќе помине, па ќе можам да се вратам на секојдневниот живот.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-07.jpg

Најдобриот совет што ти го дадоа за процесот на лекувањето е…

Најдобриот совет за лекување што ми го дадоа да не престанам да бидам позитивна, да одмарам повеќе и да избегнувам стресни ситуации.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-05.jpeg

Што промени во начинот на живот?

Во целиот процес на лекување морав да го променам стилот на живеење, да подзастанам малку со секојдневните активности околу бизнисот и да се фокусирам повеќе на самата себе.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-09.jpg

Порака до сите што минуваат низ истото…

Господ не би ни дал повеќе од што можеме да поднесеме. Ние сме тие избрани, храбри да се избориме, да имаме доживотни приказни за раскажување, да мотивираме и други кои мислат дека не можат да се справат со таква кобна болест на денешницава.

Останете позитивни и храбри, ќе помине и тој тежок пат, лоши и страшни спомени… Ќе биде подобро од порано.

makedonka-palfirova-mi-dijagnosticiraa-rak-na-34-godini-otkako-go-rodiv-moeto-treto-dete-vo-teksas-no-najteshkite-bitki-se-za-najsilnite-11.jpeg

Прочитајте и Македонка од Струмица со сопругот има 7 градинки во САД: „Почетокот беше многу тежок, си го сакам родното место, но не би се вратила таму“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Диџеј Мац: „На журки ми бараат песни од Ерзана и Врчак“ Крајот на 2023-та на музички план го одбележаа забавите со домашни хитови кои ди...
Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg