Рената од Скопје има сопруг Словенец: „Јас бев стјуардеса, а тој пилот, свадба правевме во прекрасниот Блед, а живееме во Доха“

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-30.jpg

Што ти се допаѓа најмногу кај Словенците како партнери? И обратно – која особина на Македонките ја сакаат тие?

Словенците ми се допаѓаат бидејќи се мирни, смирени и сакаат да поминуваат што повеќе време во природа. Македонките, па се доста темпераментни и лојални.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-16.jpg

Каде живеете сега? Позитивни и негативни страни на животот во куфери...

Веќе 6 години живееме во Доха, Катар. Доха е магична од октомври до мај, останатиот дел од годината треба да се бега оттука.

За време на летото температурите се високи, па кога влагата ќе се качи, достигнуваат до 60 Целзиусови степени и со тоа живот надвор од трговските центри како и да не постои.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-17.jpg

Во декември, Катар беше домаќин на Светско фудбалското првенство и беше преубаво да се биде дел од таков настан. Градот беше преполн со туристи и љубители на фудбалот, па и покрај фудбалот имаше безброј настани и многу познати диџеи, изведувачи и славни лица кои имаа свои настапи.

Како позитивни страни на живот надвор од својата татковина би кажала дека е можноста да се живее во толку различен свет и да се запознаат различни култури, животот покрај море, можноста за ширење познанства со различни националности, јадење различна храна од цел свет.

Како негативна страна ќе го издвојам најголемиот фактор, а тоа е фамилијата. Постојано ни фалат сите, и на мене и на Давид, па во секое слободно време се обидуваме да ги посетиме нашите во Македонија и Словенија.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-20.jpg

Како ти се допадна неговата родна Словенија?

Словенија е навистина посебна. Има прекрасна природа и магични планини и езера.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-19_copy.jpg

Имаат преубава храна, па секогаш кога ќе ја посетиме Словенија имаме неколку ресторани со локална храна, кои ни се на задолжителна листа.

Си ги знаат своите убавини, вложуваат во истите и ги негуваат.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-23_copy.jpg

Како нему му се допадна Македонија? Колку пати ја посетил? Која му е омилена храна?

Знам да кажам дека Давид е поголем патриот од мене, тој ја обожава Македонија.

Во неговите скоро 4 години живот во Скопје, има посетено доста од внатрешноста и има пробано сè од храна. Омилена храна му е сарма, но сака да јаде и тавче гравче, биено сирење на жар, полнети пиперки, скара, кои и јас ги спремам секако, но некако има друг шмек кога ќе седнеш во некоја македонска кафеана, па кога ќе се напиеш ракија или некое македонско вино.

Македонија ја посетуваме секоја година по неколкупати, особено за летниот период за да ги избегнеме жештините од Доха.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-21.jpg

Каде се гледате за 20 години отсега и каде би сакале да дочекате пензија?

Ова е прашање што ќе треба да ми го поставиш за едно 15 години.

Најверојатно би биле во Словенија, но со работата на Давид повеќе би кажала кај ќе нè однесе патот, таму.

Идеален пензиски живот замислувам во некоја малечка куќа во некое предградие некаде во Италија, со свое лозје, од кое со Давид правиме домашно вино, со домашна пршута и сирење.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-14.jpg

На следната страница повеќе фотографии од Рената и Давид....


Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика н... „Пред да отидеме во ресторанот, моравме да направиме кратка пауза, па со Мартин ...
Миа од Скопје игра во серијата „Балканска приказна“: „Сама го научив јазикот, имав само половина час... „На снимањето имаше околу 50 луѓе коишто работат зад камерата, се бара највисоко...
Жртва на сексуално насилство, булинг, злоупотребување од родител: Со Кирил Ангелов за „Безсловен“ Го помнам денот кога Кире дојде во нашата канцеларија и рече: „Сакам да зборувам...
Марија од Скопје е криминалист и пишува трилери: „Истражував мапи и дејство на отрови за романите д... „Со романот „Сенки во подземјето“ наидов на игнорирање од страна на две издавачк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg