Рената од Скопје има сопруг Словенец: „Јас бев стјуардеса, а тој пилот, свадба правевме во прекрасниот Блед, а живееме во Доха“

„Да се има сопруг пилот има убава страна, а тоа е можноста за често патување, па кога работи некоја привлечна дестинација, одам како патник на тој лет и заедно истражуваме нови дестинации. Но, сега со деца, тоа е малку потешко. Така што да си жена на пилот, значи поминување доста време одвоена од сопругот, но Давид е прекрасен и повторно би ја донела истата одлука“, вели Рената Сердоз (30) од Скопје, чиј сопруг е од Крањ, Словенија.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-01.jpg

Рената Сердоз (30) од Скопје е во брак со Давид (32) од Крањ, Словенија. Нивната љубовна приказна започнала сосема случајно и необично.

Рената по професија е наставник, но некако по игра на судбината станала стјуардеса и добила работа во WizzAir во мај 2016-та, а Давид по професија е пилот и веќе работел во истата компанија.

Се запознале токму таму и оттогаш сè е историја, вели Рената.

Рената споделува детали за нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

Каде се запознавте и како започна вашата љубовна приказна?

Пред мојот прв лет, седнав на кафе на скопскиот терминал, цела во трема и во глава си ги повторував процедурите и сите правила кои една стјуардеса треба да ги знае. Тогаш се појави екипажот од претходниот лет, меѓу кои беше Давид.

Јас, како нова, се запознав со сите колеги и отидов на лет.

Кога заврши денот, кога конечно го отворив телефонот, на Фејсбук имав веќе покана за пријателство од Давид. Така дојдовме до договор да го испиеме нашето прво кафе (кое траеше 5 часа).

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-15.jpg

Како што кажав, Давид е Словенец, но во тоа време тој веќе живееше 3 години во Македонија, па на прашањето како разбираш македонски, одговорот му беше одлично.

Години подоцна дознав дека поради моето брзо зборување, тој сирот разбирал само половина од тоа што сум кажувала.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-22.jpg

Имавте ли период врска на далечина, колку беше тешко да се издржи тоа?

Кој пробал знае и ќе се согласи ако кажам дека е претешко. Многу разговори, искреност и посветеност треба за да биде успешна таа врска.

Нашата љубов преку жица траеше помалку од година, на некој може ќе му се чини тоа кратко, но за мене беше цела вечност.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-07.jpg

По колку години врска дојде мигот на запросувањето, каде се случи, како реагираше ти?

Тој миг има посебно место во моето срце, сè се случи на Санторини, после само 10 месеци врска и мене ми беше огромно изненадување. Навистина не очекував толку брзо да се случи тоа.

Како реагирав, па викав, скокав, превозбудена бев и на секој што помина му го покажував прстенот. Без размислување кажав да, кога знаеш дека тоа е тоа вистинското, немаш што да се размислуваш.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-11.jpg

Како е да се биде сопруга на пилот, кои се најголемите предизвици со кои се соочуваш?

Искрено не е лесно, некогаш се смеам и знам да кажам дека животот би ми бил полесен да е водоинсталатер.

Претпоставувам како и сè друго, тоа што ја има оваа професија има своја убавина, но носи и свои предизвици. Некогаш има смени и го нема дома по 10 дена.

Кога ќе кажам убава страна, мислам на можноста за често патување, па кога работи некоја привлечна дестинација, одам како патник на тој лет и имаме можност заедно да истражуваме нови градови и дестинации.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-06.jpg

Кога бевме без деца, тоа патување беше почесто и полесно се организиравме и нафаќавме на таков чекор, сега малку потешко.

Така што да си жена на пилот, значи поминување доста време одвоена од сопругот, растење на деца поголемиот дел од времето без помош и подготвеност на брзи промени во планирање.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-31.jpg

Кога ги запознавте семејствата еден на друг, како ве прифатија?

Давид со моето семејство се запозна релативно брзо, бидејќи бевме во Македонија, па тоа беше олеснителна околност.

Јас првпат ги запознав неговите родители пред неговата преселба во Доха, Катар.

Прифаќањето беше обострано и веднаш си се засакавме, можеби поради тоа што сме различни менталитети, па знаете како спротивностите се привлекуваат.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-02.jpg

Каде се случи и како изгледаше свадбената церемонија?

Свадбата беше на Блед, на најмагичното место на светов, барем за мене.

Ја направивме во вила Блед, поранешна Титова резиденција, која има свој шмек. Се договоривме дека таа свадба ќе биде многу интимна со само најблиска фамилија и сведоци.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-27.jpg

Имавме само 25 гости и ден денес ми е многу мило што така одбравме да го прославиме тој ден.

Секоја невеста која имала повеќе од 100 гости ќе ме разбере кога ќе кажам дека тој ден може да е многу стресен, но во мојот случај немаше никаков стрес, поминав со сите гости доста време, имавме време да се сликаме, танцуваме, јадеме и веселиме.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-25.jpg

Сè уште имаме план да направиме голема прослава за сите наши пријатели, можеби тоа ќе го направиме за некоја годишнина од брак.

renata-od-skopje-ima-soprug-slovenec-jas-bev-stjuardesa-a-toj-pilot-svadba-pravevme-vo-prekrasniot-bled-a-zhiveeme-vo-doha-29.jpg

Продолжува на следната страница....



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика н... „Пред да отидеме во ресторанот, моравме да направиме кратка пауза, па со Мартин ...
Миа од Скопје игра во серијата „Балканска приказна“: „Сама го научив јазикот, имав само половина час... „На снимањето имаше околу 50 луѓе коишто работат зад камерата, се бара највисоко...
Жртва на сексуално насилство, булинг, злоупотребување од родител: Со Кирил Ангелов за „Безсловен“ Го помнам денот кога Кире дојде во нашата канцеларија и рече: „Сакам да зборувам...
Марија од Скопје е криминалист и пишува трилери: „Истражував мапи и дејство на отрови за романите д... „Со романот „Сенки во подземјето“ наидов на игнорирање од страна на две издавачк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg