Сузана од Скопје: „По влошувањето на телесната инвалидност почнав да чувам сукуленти, растенијата ми даваат мир и спокој“

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-04.jpg

Дали е потребно многу време за да им се посветите? Колку често треба да се наводнуваат растенијата и колку често е потребно да се пресадуваат?

Секако дека е потребно време, како за сѐ во животот. Но, јас уживам во нивното друштво, со нив го пијам моето кафе и заедно слушаме музика.

Не водам евиденција за тоа на колку време треба да им дадам вода. Првите две години се водев по тие некои правила, но се покажа неуспешно и изгубив многу сукуленти.

Решив да продолжам и во меѓувреме научив да ги „слушам и читам” моите растенија.

Тие самите покажуваат кога им е потребно наводнување, пресадување. Кога им треба воздух или кога се болни, па треба да ги третирам и лекувам.

Факт е дека на сукулентите им е потребно поретко наводнување, за разлика од други лиснати растенија.

На мојот профил на Инстаграм, понекогаш објавувам фотографии од некои мои сукуленти и се обидувам да напишам и мал текст за и околу начинот на одгледување на истите.

На мојот Фејсбук профил, пак, објавувам фотографии од миговите кога пијам кафе со растенијата и дел од кафе муабетот со нив.

Исто така, имам и мала група на Фејсбук, заедно со уште една пријателка, каде објавувам текстови со совети за одгледување сукуленти, како и интересни факти за истите.

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-05.jpg

Од каде најчесто набавувате растенија? Дали блиските и пријателите ви подаруваат?

Најчесто купувам од Македонија. Последниве неколку години (посебно по периодот на пандемијата) добро е што почнаа растенија да се продаваат и онлајн, па ќе си нарачаш и ќе стигне на врата.

Многу треба да се внимава од каде се нарачуваат растенија, тоа го правам од проверени продавачи. Нашите продавачи на растенија треба да научат како да го пакуваат саксиското цвеќе, но се надевам дека и тоа ќе биде.

Законите во Македонија се многу строги за увоз на растенија за физички лица, но, ете, некако се снаоѓам и во мојата колекција имам и примероци кои се донесени од други земји.

Една моја другарка ми кажа пред некоја година: „Сега, веќе знам што да ти купам за подарок, со тебе ми е најлесно, секое цвеќе те радува“.

Со моето хоби, им олеснив на моите блиски пријатели при избор на подарок за мене и да, тие ми подаруваат растенија.

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-06.jpg

Дали некои од растенијата можат да живеат на балкон во зимскиот период?

Секако дека има растенија кои би преживеале зимно време на балкон (семпервивуми, некои видови седуми и други).

Јас имам десетина сукуленти кои цела зима се на прозор од надворешна страна (толку дозволува просторот).

На повеќето сукуленти, како ешеверии, красули, кактуси, хавортии, еупфорбии итн. им треба заштита од мраз, кога надворешната температура е околу 3-4 степени Целзиусови.

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-12.jpg

Која е според вас најчестата грешка што ја прават луѓето, па не успеваат да ги зачуваат кактусите и сукулентите?

Честото наводнување, начинот на наводнување, просторот и условите во кои ги одгледуваат.

Исто, така се греши и во супстратот кој се бира за засадување, како и засадување во саксии без дренажа.

Во мојата колекција на пример, нема ешеверии – научив дека едноставно не им одговараат условите кои ги имам.

Несоодветен агол на светлина, циркулација на воздух... Немам инвестирано во дополнително вештачко осветлување, но можеби и тоа ќе биде во иднина.

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-16.jpg

Дали имате некое омилено растение? Кое е тоа?

Како омилени растенија би ги одвоила сансевериите, имам преку 15 различни видови и сум посебно горда на нив. На второ место би ги ставила красулите, а на трето место сите останати растенија.

Никогаш не купувам растенија за да го подобрам внатрешното уредување во мојот дом.

Тие не се насекаде низ домот, туку во еден мал простор, кој е мое место за уживање и опуштање. Едноставно, ми даваат мир и спокој.

Научив многу од нив и за нив. За трпеливоста, за грижата, за вниманието – растенијата подаруваат радост.

suzana-od-skopje-po-vloshuvanjeto-na-telesnata-invalidnost-pochnav-da-chuvam-sukulenti-rastenijata-mi-davaat-mir-i-spokoj-15.jpg

На следната страница, повеќе фотографии од цветниот рај на Сузана...


Би можело да ве интересира:

Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg