„Бев со Сара во сала кога се породуваше, ми дадоа да ја пресечам папочната врвца на Кирил“ – Димитар Атанасовски за татковството

Кој е најголемиот гаф што си го направил како татко?

Вака сега на прва, не може да ми текне, ама последното што се случи дома беше кога го заборавивме Кирил…

Сара излегла до продавница и ни кажала на мене и Илина, ама не сме ја чуле. Во меѓувреме, јас и Илина се договараме да одиме до друга продавница и влегуваме во кола да тргнеме.

Возејќи накај продавницата ја гледаме како Сара се враќа со ќесите накај дома и сфаќаме дека Кирил е сам.

Со 300 на саат се враќаме и сфаќаме дека он лабав, си се заиграл со играчка и не ни приметил дека е сам дома. 

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-03.jpg

Колку од својот карактер препознаваш во карактерот на Илина и Кирил (иако е мал)?

Илина е цела копија на мене, а Кирил мислам дека ќе биде на Сара.

Уште од прв ден он не сака викање, сè е со галење и со убаво, а кај Илина тоа го нема.

Она тера инат додека не биде по нејзино. A ако не е, сметај дека ти е лута доживотно.

Иако и двајцата се многу мали, мислам дека поделбата ќе остане таква и кога ќе потпораснат.

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-07.jpg

А на кого личат повеќе, на тебе или на Сара?

Па Илина е мешана според мене, иако Сара нема да се сложи, а Кирил е плукнат цел на дедо му Тони.

Неколкупати имам кажано, на кого сакаат нека личат, само да не се плачковци ко на Сара фамилијата (плачат цело време и за среќа и за тага).

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-12.jpg

Кој ги бираше имињата на децата? Колку се слушаше твојот глас?

Имињата ги биравме двајцата. За Илина на прва ни беше изборот и одма одлучивме, а за Кирил имавме неколку опции, но на крај сметам дека добро одбравме.

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-06.jpg

Која ти е најубавата работа поврзана со татковство? А која ти е најстресна?

Најстресно ми е неспиењето и тоа мислам дека ми е убиство. Сè можеш да ми земеш, само за спиењето ќе се скараме. 

А најубавото е тоа што има милион убави работи што ти се случуваат во денот, баш благодарение на децата и како сфаќаш дека сте веќе цел тим кој функционира и расте заедно.

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-11.jpg

Колкав стрес ти беше кога Илина неодамна го исчкрта автомобилот? Каква ви беше првата реакција пред да го снимите видеото кај што ја карате и како ја казнивте?

Прво ја исчкртала на Сара колата и кога ми прати Сара слика се прснав од смеење.

Десет минути подоцна, ми праќа Сара видео од камерите на кое се гледа како ја чкрта прво нејзината, па оди накај мојата кола. Е тука веќе не ми беше сеедно, ама само за момент.

Кога си дојдовме дома, почна драмата и тоа го објавивме на социјалните мрежи.

Ама не бевме воопшто строги кон неа, зошто знаеме дека немала лоша намера. Ја казнивме со тоа што ѝ кажавме дека штетата се поправи со нејзините пари од роденден и не ѝ беше сеедно, ама си се помири.

dva-pati-bev-so-sara-koga-se-poragjase-za-kiril-mi-dadoa-da-ja-presecam-i-papocnata-vrvca-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-04.jpg

Колку е всушност голем предизвикот да се биде добар татко?

Мислам дека за тоа нема некоја дефиниција која е формула за успех, ама од моето искуство можам да кажам дека е огромен предизвик, кој бара многу жртви и откажувања, ама затоа убавината во тоа да си ги гледаш децата како ти растат и да учествуваш во целата таа фаза е непроценливо богатство, што ако не го осети човек, не се опишува со зборови.

bev-so-sara-vo-sala-koga-se-poroduvashe-mi-dadoa-da-ja-presecham-papochnata-vrvca-na-kiril-dimitar-atanasovski-za-tatkovstvoto-22.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg