Мартин Трајановски: „Ја сликав Туна додека се породуваше, фотосесијата со Васил Гарванлиев за Евровизија ми ги отвори вратите кон ѕвездите“

„Тамара Тодевска е кралица и вистински пријател, Каролина Гочева е незаменлива, Туна е првата ѕвезда надвор од Македонија со која имав прилика да работам – сериозен професионалец, голем пријател и голем човек, со Сара Мејс е секогаш вистинско задоволство да се работи, а Јелена Јованова е совршен спој на глума (нејзината професија) и модел“, раскажува за CRNOBELO.com Мартин Трајановски, кој изминативе неколку години го нарекуваат и „фотограф на македонските ѕвезди“.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-01_copy.jpg

Мартин Трајановски за многумина е најдобриот македонски фотограф во моментов. Неговиот стил на работа е лесно препознатлив, и по начинот на кој фотографира, и по боите во кои ги прави сликите. Па уште кога ќе видите некоја фотографија, веднаш знаете дека токму тој ја направил.

Со фотографија се занимава професионално околу три години, а првата голема шанса ја добил во 2020 година, да го слика Васил Гарванлиев и неговите пратечки вокали за промо-материјалите за Евровизија.

Претходно, занаетот го учел фотографирајќи ги своите пријатели, па сега кога ќе му речат да им направи филмска фотка за Инстаграм, тоа го прави со задоволство.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-26.jpg

А меѓу фотографирањето пријатели некогаш и ова што го прави денес, нема кого не сликал – од Тамара, Туна, Каролина и Катарина, преку Сара Мејс и Димитар, до Јелена Јованова и моделите на „Моделс ин“. И секогаш тоа го прави со многу страст, дури и кога не му е денот.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-04.jpg

Во продолжение, приказната на Мартин, раскажана за CRNOBELO.com…

Кога почна професионално да се занимаваш со модна фотографија, a хобито ти стана професија?

Пред нешто повеќе од три години, ако зборуваме за она вистински и професионално. Вака кога ќе го кажам на глас, сфаќам дека сепак зборуваме за само три години.

За среќа или за жал (времето ќе покаже), многу работи се променети оттогаш.

Јас сум променет, индустријата е променета, целата слика за мојата професија е променета и нема да бидам скромен и да кажам дека не ми е мило што бев дел од таа промена.

Баш напротив, горд сум што бев еден од првите коишто професијата фотограф ја „update-наа“ (унапредија) на свој начин и ја приспособија на новото време. Моето време.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-02.jpg

Се сеќаваш на фотосесијата што ти смени сè и после која луѓето почнаа да ја препознаваат твојата работа и стилот, а јавните личности да те бараат за да ги фотографираш?

Често сме слушале или сме биле сведоци на приказни кога човек работи напорно и е упорен во својата професија и се обидува да биде најдобра верзија од себе и да ја изработува истата на најдобар можен начин. Следствено на тоа, успесите и големите ангажмани некако се очекувани да доаѓаат природно еден по друг, по доста години континуирана работа.

Е, па, тоа не е мојата приказна. Освен делот со упорноста и напорната работа, секако.

Верувам дека упорноста е можеби еден од клучните фактори за каков било успех.

Кај мене, некако сè се случи во еден момент, одеднаш: и фотографијата и Инстаграм и соработките и работата со најголемите јавни личности и работа со најдобрите дизајнери и модни куќи кај нас и сè тоа во помалку од две години.

Нема да излажам, беше збунувачки, ама како што секогаш велам: „Јас бев подготвен на ова скоро цел живот“ и затоа можеби не ми дојде толку ново кога се случи.

Во мојата глава само се чекаше моментот, а знаев дека кога тогаш ќе се случи.

Мислам дека ова е оној класичен пример за лична манифестација на сопствените соништа. Буквално „по книга“. На оваа тема за манифестирање на сопствените соништа мислам дека можам до утре да зборувам.

Ќе бидам искрен и ќе кажам дека имав особена среќа во текот на првата година од кога почнав сериозно да се занимавам со оваа професија да добијам прилика да работам на еден мој сон, на нешто со коешто слободно можам да кажам сум израснат и ми има оставено сериозен печат во професионалниот живот – Евровизија.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-51.jpg

Добив ретка и несекојдневна прилика која беше „или сега или никогаш“! Фотографирав за Евровизија 2020, кога македонски претставник беше Васил и мојата фотографија беше избрана за насловна фотографија за песната „YOU“ со која тој требаше да нè претставува во Ротердам.

Тоа бев јас, во тој момент со најминимално искуство на светот што може да постои во професионалната фотографија, полу-професионалниот апарат со мене (кој ми беше најдобар пријател во тие периоди), но истовремено со големо срце и желба за она што го правев.

По не знам кој пат, имаме доказ дека скапата опрема или финансиите не се секогаш пресудни за добар финален продукт.

Искрено, од оваа перспектива, не можам да си поверувам дека тоа вистински се случи, бидејќи, верувајте, реалноста беше сосема поинаква во тој момент.

Пресвртот кој се случи потоа беше тотално нереален. Мислам дека ова е убава прилика да му кажам благодарам на Васил и целиот негов тим кои веруваа во мојата работа.

Па водејќи се од тоа, да, мислам дека случајниот ангажман за Евровизија беше мојот т.н. почеток на нешто многу убаво. Останатото е историја.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-35.jpg

Нема да те прашам кого сè си фотографирал, имаш работено со навистина многу познати луѓе… Но, кој од нив ти оставил толку силен впечаток со енергијата, однесувањето пред камера и професионалноста, што едвај чекаш да работите пак заедно?

Хммм, многу интересно прашање. Ајде еден по еден, за оние кои знам дека најмногу ќе ве интересира.

Тамара Тодевска: Кралица и вистински пријател! Нејзината спонтаност создава уметност во моите фотографии.

Тамара е многу посебна и екстремно уникатна, не би можел да го опишам тоа со зборови, колку сака како клише нека ви звучи ова, ама верувајте така е!

Не постои некој што може да ја имитира нејзината енергија, затоа и луѓето ја сакаат баш таква какво што е. Или ја имаш или ја немаш таа енергија, многу е едноставно.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-03_2.jpg

Каролина Гочева: Незаменлива во вистинска смисла на зборот.

Горд сум што имав прилика да работам на концертниот проект на Каролина „Greatest hits“ во 2022 година и да ги изработам промо-фотографиите.

Фотосесијата се заврши за нешто помалку од час и половина.

Следните два часа, по фотосесијата уживавме во кафе-муабет во дворот на моето студио, со целиот тим што беше дел од проектот.

Во текот на следните две недели целата територија на Скопје и Охрид беа опколени со фотографиите од таа фотосесија. Незаменливо чувство, верувајте!

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-16.jpg

Јелена Јованова: Модел во секоја смисла на зборот.

Секогаш сум го споделувал тоа искуство за работата со Јелена – совршен спој на глума (нејзината професија) и моделинг.

Модел со кој сакам да работам и денес и утре и секогаш!

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-39.jpg

Туна: Единствена!

Првата ѕвезда надвор од Македонија со која имав прилика да работам.

Туна е Туна, тука нема понатаму. За почеток сериозен професионалец, голем, голем пријател, личност која точно знае што сака и пред сè голем човек!

Човек што работел со Туна знае за кое ниво на професионалност зборуваме тука! Вистинска ѕвезда!

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-41.jpg

Сара Мејс: Една од првите јавни личности од Македонија кои ми дадоа шанса да ги фотографирам.

Сара засекогаш ќе ми биде мојата посебна личност. Вистински модел, ултра професионалец и секогаш е тотално уживање кога се работи со неа.

martin-trajanovski-ja-slikav-tuna-dodeka-se-poragjashe-fotosesijata-so-vasil-garvanliev-za-evrovizija-mi-gi-otvori-vratite-kon-dzvezdite-52.jpg 

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Успешни Македонци низ светот: Марија (29) од Скопје е сопственичка на салон за нокти во Ротердам  „Холанѓанките се негувани и вежбаат сите од 7 до 77 години. Сите прават но...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Како изгледа денес Елеонора Капсималева – девојчето што ја испеа „Дувна ветре развигорче“ во 1990-та... „Кога ја отпеав песната, бев навистина многу мала. Имав 6 години, а бидејќи како...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Марјан Петров, шминкер: „На 17 години отворив салон во домот во Мокриево, денес работам со големи ба... „Моите почетоци беа во село Мокриево, струмичко, местото каде го поминав детство...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg