Марија Стамболиќ: „Плажите во Мексико се совршени, Плаја дел Кармен нуди луда забава, а ми пречеше што Мексиканците се корумпирани“

Какво е чувството да се капеш во сеноти кои за Мајанците претставувало портал за подземјето и место за жртвување?

Чувството да пливаш во сенотите беше прекрасно. Водата беше кристално чиста, а неколку од нив се наоѓаат во џунгла.

Погледот под вода дури нуркавме никогаш нема да го заборавам. Карпите се губеа во водата без дно, а околу тебе пливаат желки и мали риби.

Незаборавен беше и моментот дури пливавме во пештера со лилјаци.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 21

Чичен Ица – светско чудо и сон за многу патувачи. Какви беа твоите доживувања од овој древен град?

Обично пред да патувам гледам видеа и слики од местата кои планирам да ги посетам. Чичен Ица е едно од светските чуда, па затоа имав големи очекувања, но не знаев што точно ќе ме снајде таму.

Неколку стотици метри низ џунглата и пред тебе се воздигнува огромно чудовиште. Беше неверојатно. Не само тоа што самата по себе беше фасцинантна, туку чувството кога чекориш на истото место каде Мајанскиот народ некогаш творел и создавал беше неописливо.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 11

Каква слика создаде за локалците, каква беше комуникацијата со нив?

Искрено, повеќето локалци не ми оставија добар впечаток. Беа љубезни и фини, но на туристите гледаат како подвижен долар. Секој момент го користат да те прелажат и да земат што повеќе од тебе.

Бараа бакшиш за сè, а доколку ги одбиеш го менуваат однесувањето кон тебе. Од бакшиш за платен појадок во хотел, до бакшиш за изнајмена соба преку AirBnB, итн. Претерано беше.

Комунициравме обично на некоја комбинација од шпанско-англиски. Сè дур не почнат да кажуваат цени. Тогаш преминувавме на мимики и гестови.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 16

Како ти се допадна мексиканската храна?

Како љубител на зачинета и лута храна, мексиканската ми е една од омилените кујни во светот. Такоси, бурито, гвакамоле за појадок, ручек и вечера. Рај за душата и стомакот.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 15

Што најмногу ти се допадна, а што ти сметаше од посетата во Мексико?

Иако плажите беа совршени, најмногу од посетата ми се допадна храната. Немаше лоша храна и ресторан. Од друга страна ми сметаше тоа што Мексиканците не беа воопшто организирани и беа многу корумпирани.

Иако однапред имавме резервирано кола за изнајмување, неколкупати немаше слободна кола и моравме да менуваме планови во последен момент.

Исто така имавме и проблем со полицијата. Моравме да се ценкаме за мито за непостоечки прекршок, за после неколку стотици метри повторно да нè застанат нивните колеги. За среќа вториот пат поминавме добро.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 12

Зошто секој треба да го посети Мексико барем еднаш во животот?

Без разлика дали си млад или постар, Мексико нуди забава за сите возрасти. Доколку сакаш забава оди во Тулум или Плаја дел Кармен.

Ако сакаш лабав одмор во ресорт оди во Канкун. Ако си на фамилијарен одмор со деца посети ги некои од парковоти во Xcaret.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 7

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 17

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 4

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 18

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 19

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 22

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усоглас... Oд црни бикини до зелени лелеави комбинации, близначките Марија и Магделена Гавр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg