Марија Стамболиќ: „Плажите во Мексико се совршени, Плаја дел Кармен нуди луда забава, а ми пречеше што Мексиканците се корумпирани“

„Плаја дел Кармен има две лица. Преку ден е класично мирно туристичко место, а кога ќе се стемни се претвора во Лас Вегас. Локалците беа љубезни и фини, но на туристите гледаат како подвижен долар. Секој момент го користат да те прелажат и да земат што повеќе од тебе, бараат бакшиш и за платен појадок во хотел“ – вели за CRNOBELO.com Марија од Скопје за посетата на Мексико.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 6

Марија Стамболиќ е машински инженер од Скопје, а омилен момент ѝ е кога ќе ѝ стигне потврда на мејл за резервирано патување.

Сака да посетува места каде што никогаш не била претходно, а практикува барем еднаш или неколкупати годишно да посети некоја нова дестинација. За себе вели дека има фобија ако нема резервирано патување во скоро време.

Во продолжение Марија за CRNOBELO.com раскажува за нејзиното патување во Мексико...

Од толку многу светски дестинации, зошто токму на Мексико се одлучи да му дадеш шанса?

Поради богатата култура, убавите песочни плажи и добрата храна отсекогаш сум сакала да го посетам Мексико.

Посебно Тулум откако последниве години стана тренд меѓу младите и на Инстаграм. Мексико Сити ми остана неостварена желба, но сигурна сум дека еден ден повторно ќе се вратам таму.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 8

За некои дестинации потребно е поголема организација и информираност. Како течеа подготовките пред самото патување?

Досега неколкупати го одложуваме патувањето во Мексико. Знаеме дека не е најбезбедната држава и поради тоа честопати се предомислувавме.

Откако ги купивме авионските карти следуваше долго истражување за местата коишто сакаме да ги посетиме, како да се стигне до нив и каде да престојуваме.

Најбитно беше да бидеме сместени во безбедни туристички зони бидејќи поголемото време бевме сами.

Откако решивме кои острови и места ќе ги посетиме, ги организиравме деновите и резервиравме сместување.

За жал таму ништо не ни одеше од рака и мораше сè од ден за ден да планираме на ново. Но, лудите авантури се тие што се памтат цел живот.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 2

Во кои места престојувавте за време на патувањето?

Престојувавме во Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум. Планот беше да престојуваме 3-4 дена во Плаја дел Кармен, но поради грешка на системот на Booking, непланирано завршивме во еден од хотелите на самата плажа во Тулум. Што и воопшто не беше лошо.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 1

Какво место е Плаја дел Кармен преку ден, а што се случува кога ќе се стемни?

Плаја дел Кармен има две лица. Преку ден е класично мирно туристичко место, а кога ќе се стемни се претвора во Лас Вегас.

Музика трешти од баровите и дискотеките на главната улица Кинта Авенида. Метеж и туристи насекаде, додека мирисот на храна од локалните ресторани те мами да влезеш на по еден такос и маргарита.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 3

Според тебе, зошто Тулум е едно од најдобрите места за млади во светот?

Тулум е познат по ноќниот живот. Забавите почнуваат од пладне, па сè до после полноќ. Светски познатите диџеи цело време настапуваат во некои од клубовите на плажа.

Без разлика на сезоната, во Тулум се одржуваат разни фестивали на електронска музика. Дали на плажа или во џунгла, тие се од светски карактер и не можат да се споредат со ниту едни во светот.

Тулум исто така е дом на многу дигитални номади. Поради природата, белите плажи и разновидните ресторани, многу млади решаваат да поживеат во Тулум.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 13

За комплетно искуство, што сè мора да се види и доживее во Тулум?

Изнајмување на велосипед дефинитивно е нешто што препорачувам во Тулум. Со него може да се стигне до плажите, како и до најблиските сеноти.

Секој бар на плажа е посебен на свој начин, но сите се во некој бохо стил со дрвени колиби на плажа. Вреди да се посети некој од нив бидејќи плажата и песокот се совршени во тој дел.

Танцување на некој од фестивалите до изгрејсонце во џунгла или на плажа е исто нешто што препорачувам.

Од места за храна не смее да се пропушти Такериа Онорио, Бурото Амор. Секако и уличните такоси се одлични за после излегување.

marija stambolikj meksiko nudi zabava za site vozrasti najmnogu mi se dopadna hranata a mi smetase toa sto meksikancite se neorganizirani i korumpirani 14

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усоглас... Oд црни бикини до зелени лелеави комбинации, близначките Марија и Магделена Гавр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg