Оливер Јанкуловски: „Цели 8 години чекав австралиска виза - работам 2 работи, Мелбурн е совршен, но сè е предалеку“
Има ли многу доселеници? Од каде се? Колку и дали локалците ги дискриминираат дојденците?
Демографски Австралија се менува брзо, најбројни доселеници моментално има од Кина, Индија, Пакистан, Виетнам, но има и големи заедници од југоисточни Европејци, Либанци, Италијанци, бегалци од Јужен Судан, Сомалија и Етиопија, а во последно многу Колумбијци и Бразилци и многу други националности.
Искрено, не сум се почувствувал дискриминиран, освен кога бев во индиско школо бев единствен што не е од Панџаб, Индија, но не беше толку страшно.
Како изгледаат балканските вечери и дружби? Има ли македонски производи?
Искрено, не одам на балкански вечери, иако имам Македонци пријатели што одат.
Македонски производи има сè што сакаш, но само во северните и западните населби, каде што живеат Македонците. Ако сакам тегла ајвар или пиперки на наш начин, мора да одам таму.
Имаше ли некој непријатен миг таму?
Миграцијата беше доста тешка и сложена, па имав доста непријатни тешки моменти, но сега се само далечен спомен.
По што си носталгичен најмногу?
Не сум многу носталгичен, но ми недостига фамилијата, особено мајка ми, и секогаш ми е мило кога одам во Македонија и редовно се информирам за случувањата.
Пред да одиме во Австралија треба да знаеме?
Австралија е преубава земја, но е и премногу скапа, но доколку некој има можност да оди не смее да се двоуми.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело