Стефан Савевски: „Во Индија моите прашања се продлабочија на начин на кој вистината стана единствен авторитет во мојот живот“

Стефан Савевски од Скопје е млад човек кој после неколку години неуморна работа на најразлични проекти и компании, решава дека сака повеќе од овој живот. Неговата одлука да замине од повторливите искуства на секојдневието го однесе до „Иша“, центарот за јога на познатиот Садгуру.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 22

Во продолжение следува разговор со Стефан кој својата потрага по одговори и животот во јога центарот ги споделува со читателите на CRNOBELO.com...

Кога ќе се согледа вистинското лице на животот, не ти останува ништо друго освен да се потрудиш да го најдеш вистинскиот пат по кој треба да зачекориш. Стефан се сеќаваш ли на клучниот момент што те натера да заминеш во Индија?

Се најдов во еден момент кога сфатив како сите мои досегашни искуства од животот почнуваат да се повторуваат. Како надворешна форма е различна, меѓутоа внатрешното искуство останува исто.

Се менуваат компаниите, проектите, девојките, друштвата, пријателите, пороците, меѓутоа искуствата во мене остануваат исти.

Не сакав да си поверувам, бидејќи цел живот итав кон напред, ја грабав секоја можност како да треба некаде да стигнам, постојано во исчекување нешто да се случи и одеднаш како да сфаќам дека што и да чекам или кон што и да итам – не постои.

Копнеењето или исчекувањето започнува невино – во исчекување сме на роденденот, на новиот велосипед, на Божиќното утро, на завршетокот на учебната година или нејзиниот почеток.

Наскоро, сме во исчекување на големиот летен одмор, големата љубов, денот кога некој или нешто ќе нè избави од нашиот цикличен живот и ќе нè пренесе во некоја друга реалност на тоа како би можеле да живееме.

Не е ни важно дали сме во исчекување на триумф или трагедија, бидејќи сè додека чекаме – не живееме.

„Дали ова е сè од животот? Дали треба да ги живеам овие повторливи искуства додека не си заминам од овој свет? Дали вака живеат и моите родители? Зошто никој не ми кажа? Дали вака живеат сите луѓе околу мене? Дали треба да се помирам и да прифатам дека животот е само ова?“

Овие прашања зрееја во мене скоро целиот мој живот и конечно добија форма благодарение на различните искуства кои ги имав „насобрано“, но сепак одговор колку и да барав едноставно не постоеше и никој го немаше, а овие прашања тлееја во секој еден човек кој го среќавав.

Како излезе од овие повторливи искуства од животот?

Во тој момент почнав сè повеќе да практикувам медитативни практики и се сретнав со Внатрешен Инженеринг – програма на Иша Јога Центарот од Индија дизајнирана од Садгуру, некој за кого не знаев апсолутно ништо, но медитациите кои беа понудени од него полека ми носеа јасност и од ден на ден сè повеќе можев да ги видам сите свои компулсивни (програмирани) однесувања кои на одреден начин ми го „контролираа“ животот и полека да се ослободувам од нив. Тогаш, всушност започна мојот процес на трансформација.

stefan-savevski-vo-indija-moite-prasanja-se-prodlabocija-na-nacin-na-koj-vistinata-stana-edinstven-avtoritet-vo-mojot-zivot_18 (1).jpg

Кога ја почувствував трансформативната моќ на овие медитации, си го поставив прашањето ако ова отворање на свесност за себеси може да ми се случува со практики научени преку интернет, што ли ќе биде ако отидам во местото од каде што потекнуваат.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 8

Кога замина во „Иша“ Јога Центарот и колкав пат мораше да поминеш за да стигнеш до таму?

Кон крајот на јуни 2021 јас веќе бев на првиот од петте лета кои ме носеа во Иша Јога Центарот во Индија заедно со уште 7 други луѓе од Македонија кои си ги поставуваа горе-долу истите прашања, ги практикуваа истите медитации и без исклучок сите се наоѓавме на почетокот или веќе бевме во процес на целосна трансформација.

Повеќето од луѓето околу нас сакаа да нè одвратат од идејата да одиме во Индија бидејќи пандемијата беше во полн ек, но секој од нас знаеше дека тоа нема да се случи и потполно се разбиравме зошто.

stefan savevski vo indija moite prasanja se prodlabocija na nacin na koj vistinata stana edinstven avtoritet vo mojot zivot 17

Една мисла која на некој начин го започна целиот овој процес е дека целиот живот пробуваме да ги уредиме просторот, луѓето и односите околу нас на начин на кој ние сакаме и кога тоа не се случува тогаш сме несреќни, а единственото нешто кое можеме целосно да го уредиме како што сакаме сме ние самите.

Ако е така тогаш зошто не се уредиме себеси на начин на кој постојано ќе се чувствуваме одлично и ќе бидеме среќни?

„And now Yoga“ – А сега Јога.

Вака започнува една од најпознатите книги за јога од познатиот индиски мистик и јогин Патанџали и во своето значење носи дел од одговорот на моите прашања: Кога ќе пробаш сè во животот и ќе видиш дека нема каде да пристигнеш, тогаш започнува вистинското патување. Тогаш започнува патувањето кон внатре, тогаш започнува Јога.

По 48 часа, 5 авиони, 3 земји и 15 дена карантин за првпат влегов во „Иша“ Јога Центарот кој е сместен во подножјето на планината Велијангири (Бела Планина) во јужниот дел од Индија во областа Тамил Наду, веднаш до градот Коимбатор.

Јас, всушност отидов на структурирана програма која се вика „Саданапада“ и е во траење од 7 месеци. Програмата опфаќа изучување на јога практики, волонтирање и престој во Иша Јога Центарот, како и учество во сите активности на самиот центар.

Како изгледаше еден твој ден во „Иша“ центарот за јога?

Мојот дневен распоред за тие 7 месеци изгледаше вака:

04:30 Будење
05:30 Утрински практики
10:00 Појадок
11:00 Волонтерски активности
17:00 Попладневни практики
19:00 Вечера
21:30 Време за спиење

stefan-savevski-vo-indija-moite-prasanja-se-prodlabocija-na-nacin-na-koj-vistinata-stana-edinstven-avtoritet-vo-mojot-zivot_1 (1).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg