Александра од Скопје: „Непал е земја каде луѓето си ги посетуваат роднините од претходните животи, а Непалците се скромен народ“

Александра сакаш да патуваш сама, сакаш да ризикуваш, но се имаш ли најдено во ситуација кога се имаш исплашено на некое патување?

Да. Кога патувам сама, освојувам врвови, и надворешно и внатрешно. Оние внатрешните се малку позахтевни, понапорни за освојување, но и поослободувачки, впрочем, наградата е поголема, учиш да леташ слободно.

Не сум човек што е паничар или плашлив по природа, дури понекогаш и си се прашувам дали е тоа нормално, и верувам дека тоа е така затоа што водството и вербата во Бога ми се двигател каде и да сум и што и да правам.

Но, признавам, еднаш кога се враќав од Исланд, имаше толку вознемирувачки турбуленции, кои траеја 4 саати буквално (а целокупно летот беше 5), што некоиси 30 пати авионот се најде во слободен пад, што би се рекло air pocket, и си викам ако сега не испуштам душа, нема кога! Но, со молитва и мантра се опуштив.

Друг пат, кога малце ми застана срце, беше моментот кога патував од Катманду накај Покара со автобус, со цел да ги видам Хималаите, 200 км се возат 9+ саати, на пат што се смета за најстрашен земјен пат во светот (и со причина е тоа така), кога правејќи си муабет со една жена од Сингапур, што ја запознав во бус, одеднаш видов како снаа ѝ се вџаши со ококорени очи и во страв си го покри лицето со шал.

Па, се свртев да видам што е работата, кога гледам од прозорец бујна река, ние на незаграден мост 30m над реката, а од патот под нозе не гледам ни милиметар!

Чувството беше чудно, и дури тогаш поднаучив кое е всушност значењето на милиметарот во буквална смисла, и што значи да ти виси животот на конец физички.

Кога се вратив после Непал во Дубаи, утредента читам вести за несреќа баш на тој пат, урнат автобус, со сите патници загинати... Колку е сѐ непредвидливо, си помислив, и се заблагодарив на Бога што сум жива и здрава.

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 10

Со ова прашање ќе го завршиме разговорот. На што те научија патувањата?

Кога човек сака нешто од срце, не треба тоа никогаш да го занемарува. Секое патување со себе носи изненадувања и предизвици, особено кога патникот е спонтан и авантурист како што сум јас.

Мене, патувањата ме прават секогаш побогата, независна, скромна и практична, ме учат на прифаќање, на присутност во сегашниот миг, доживување на животот и битисувањето на едно мултидимензионално ниво кое ги буди сите сетила.

Добивам посуштинска претстава за културата на различни народи, во допир сум со даровите на природата, а и самата сѐ повеќе се доближувам до автентичноста на мојата лична природа, и се чувствувам благословена поради оваа неистрошлива љубопитност да истражувам нови места и за спремноста да поделам дел од ова срце и душа со светот.

BeFunky collage 2

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 12

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 13

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 14

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 16

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 17

aleksandra lucanok nepal e zemja kade lugjeto odat i si gi posetuvaat rordninite od prethodnite zivoti a nepalcite se narod so visoka svesnost i skromnost 15

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg