Лилјана од Скопје: „Египет е уникатно искуство, Кипар има огромна влажност, а Бодрум нуди динамичен одмор“

Лилјана Клинчарова Ангеловска (32) е туристички работник кој за CRNOBELO.com детално го споделува искуството од дестинациите за летен одмор кои ги посетила досега, со сите позитивни и негативни страни, како и омилените градови од нејзините патувања.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-01.jpg

Лилјана Клинчарова Ангеловска (32) oд Скопје, по професија е економист, но има големо работно искуство како туристички работник.

Таа има желба за постојано креативно изразување преку фотографии, испирирано од нејзините патувања и секојдневие.

За CRNOBELO.com Лилјана споделува искуства од своите патувања, но и работно искуство:

Колку години работиш како туристички работник?

Моите почетоци во светот на туризмот започнуваат во 2017 година, сосема случајно како голем љубител на патувањата, притоа поттикната од љубопитноста за откривања на нови места.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-09.jpg

Која е позитивната, а која негативната страна на оваа професија?

Позитивната страна на полето на туризмот е несомнено можноста за постојани патувања, како и градење на пријателства со луѓе од различни култури.

Додека негативната страна се можеби пречестите патувања кои го прават автобусот, авионот или автомобилот мојот втор дом.

Сепак, убавината на работата во туризмот, меѓу другото, е можноста за учество во креирањето на нови патувачки авантури на оние кои им треба помош со истото. Создавањето на програми за патувања, споделувањето совети со клиентите од секое индивидуално и групно патување, како и постојаните истражувања за секоја следна дестинација се и повеќе од доволна мотивација и инспирација за постојани и нови понуди на ова поле.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-15.jpg

Колку земји имаш посетено досега?

Досега имам посетено повеќе од 20 земји меѓу кои се: Шпанија, Италија, Франција, Германија, Холандија, Чешка, Словачка, Словенија, Кипар, Турција, Унгарија, Белгија, Египет, Австрија, Хрватска... Секако, со желба за проширување на овој патувачки список.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-11.jpg

Која земја ти е омилена и зошто?

Земјата на гласното и безгрижно секојдневие - Италија. Би ја издвоила како една од поомилените земји коишто сум ги посетила досега.

Причината за тоа се инспиративните културни богатства, автентичноста и колоритноста на секој град, пресликан во симпатичните локални улички кои навистина ви го одземаат здивот, како и создавањето на фотографии налик разгледници.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-08.jpg

Меѓудругото Италија е утро започнато со сицилијанско аранчино, попладне поминато со чаша старо италјанско вино, и вечера со омилената паста, пица, и сладолед.

Кога би требало да издвојам еден град од оваа земја би било тешко да го направам истото, но сепак приматот и го доделувам на Венеција. Освојува и изнудува воздишки со својот изглед налик лавиринт, скриени плоштади, продавнички, историја, љубов...

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-06.jpg

Прошетка со вапорето, посета на San Marco Square именуван по истоимената San Marco Basilica, Дуждиевата палата, колоритните Мурано и Бурано, едноставно приказна без крај...

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-07.jpg

Покрај Венеција, зошто и Прага е еден од најубавите градови во Европа?

Прага е дестинација која постојано се менува и ќе имате можност да откриете нешто ново секој изминат ден.

Во секој дел од неа ќе најдете делче со мистична историја, локални легенди, најубавата и најбогата готска архитектура, романтични замоци, величествени мостови, специфични кулинарски деликатеси, вкусни улични десерти како и најдобрите чешки пива. Навистина е златна, магична и посебна.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-04.jpg

Да се опише не може, но да се доживее и посети е задолжително.

liljana-od-skopje-egipet-e-unikatno-iskustvo-kipar-ima-ogromna-vlazhnost-a-bodrum-nudi-dinamichen-odmor-18.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg