Тамара Мартиновска: „Живеам во приватен ресорт со 5* на Малдиви – тропски рај е, но и реално шоу“
Долови ни ја атмосферата од главниот град… Што оттаму би си посакале во Македонија? Ти каде поточно живееш?
Во моментов живеам во приватен ресорт со 5* (Finolhu Seaside resort), на островот Кануфуши.
Ова е втор ресорт во кој работам тука, претходно работев во друг приватен ресорт на островот Итафуши (resort Waldorf Astoria).
Инаку Малдиви е островска држава составена од околу 1.200 острови. Една третина се напуштени острови, останатиот дел се локални острови на кои живее локалното население, и приватни острови кои се всушност ресорти каде може да престојуваат само туристи.
Главниот град е Мале кој е инфраструктурно најразвиен, всушност сите интернационални летови пристигнуваат таму, потоа начинот на превоз до посакуваниот остров е со брод, локален лет или хидроавион (во зависност каде и колку далеку одите).
Мале е најголемиот остров на Малдиви, единствен со улици, булевари и прилично доста сообраќај за разлика од другите острови каде претежно се неасфалтирани патишта и најчесто се возат скутери, ретко автомобили. Повеќето од локалното население работи во Мале или на приватните ресорти.
Што те воодушевува најмногу секојдневно?
Најмногу ме воодушевува природата, океанот и начинот на кој се распоредни сите острови, повеќето со природна сегрегација. Кога ќе погледнете од авион како изгледаат сите тие острови и бојата на водата измеѓу нив, сфаќате дека Малдиви е чудо од држава на овој свет, едноставно природата си го направила своето.
Особено ме воодушевува фактот што тука нема животни или воден свет кои се од животозагрозувачка природа.
Има ли многу туристи во текот на целата година?
Можам да кажам дека Малдиви е дестинација со најмногу туристи во текот на целата година.
За време на пандемијата со корона вирусот оваа дестинација беше најпосетувана поради фактот што е островска држава и беше многу полесно да се превенира ширење на вирусот.
Сезоната овде е од ноември до април, додека останатиот период се смета за ниска сезона поради појава на дождови и монсуни, кои искрено звучат многу пострашно одошто навистина е.
Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли локалците интересни навики во секојдневието?
Малдиви е држава во која сè се одвива многу полека, најверојатно поради топлото време и големата влага која влијае на луѓето.
Ова е муслиманска држава во која религијата се почитува на највисоко ниво и е задолжителна за сите граѓани, нема опција на избор, во спротивно е казниво. Петок е неработен ден сврзан со сабота.
Локалното население ужива да ги споделува благодатите од државата и да пренесува информации во врска со истата. Многу интересен факт е што браковите ги склучуваат многу рано, но има доста разводи бидејќи за да се разведеш треба само 3 пати да си кажете пред сведоци дека се разведувате и тоа е тоа, нема никаква друга процедура.
Локалците најчесто не се високообразовани, но имаат многу квалитети во однос на ловење риба, готвење, бродоградба, водни спортови, уметност, транспорт, туризам, хотелиерство итн.
За сè останато вработуваат луѓе од странство, визната процедура не е многу комплицирана за работа, но сепак треба да имате покана од работодавач. За туристи е слободен влез, не е потребна виза.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:


