Емилија од Куманово живее во Барселона: „Пред 5 години отворив кафуле, а изнајмувам и станови за бизнис луѓе и туристи“

Емилија која потекнува од Куманово, а се школувала во Скопје, на 20 години заминала во Барселона на студии - сега таа за CRNOBELO.com раскажува дека има свое кафуле, изнајмува 3 станови за бизнис луѓе и туристи, вели дека во овој град забава има деноноќно, но дека не е многу лесно достапен град за живот, па и нема многу Македонци. 

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 15

Емилија Михајловиќ потекнува од Куманово, но своите тинејџерски години ги има поминато во Скопје каде што има завршено во гимназијата НОВА и на своите 20 години одлучила да оди во Барселона за да ги доврши понатамошните студии.

Себеси се доживува како една самоодлучна и стабилна личност која е љубител на авантури и сака да ги почувствува различните култури преку патување и запознавање и стекнување на нови пријателства.

Спортувањето е нешто што секојдневно ја мотивира, а како љубител на далечни и егзотични дестинации, патувањето го зазема тронот на нејзините хобија.

За CRNOBELO.com Емилија ја споделува својата приказна за животот во Шпанија...

Зошто одлучи Барселона да биде градот каде што ќе поминеш еден дел од твојот живот?

Во Барселона се заљубив на прв поглед во 2006-та на самите волшебни фонтани. Таму се чувствував пријатно и задоволно со самата себе. Луѓето се многу слични на нашиот Балкански менталитет и сите се насмеани и знаат како да уживаат.

По само 3 години веќе одлучив да дојдам и да си ја пробам среќата. Голема благодарност до членовите од мојата фамилија кои во тој момент ме поддржаа и поттикнаа во секој поглед.

Како најголем обожавател секако ќе го истакнам татко ми кој ме виде како некој европски човек со европски манири.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 5

Што е она што те задржа во Барселона сите овие години?

Отидов со намера да го завршам факултетот и да ја одбранам својата магистерска, но во тој период сфатив дека градот ме исполнува и дека треба да останам и да почнам да си ја градам својата кариера.

Градот Барселона е мојата прва љубов и така и ќе остане и понатаму. Кај и да одам градот го чувствувам како свој, живописен, креативен и весел како мене.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 11

Како започна приказната со кафулето „Сибарита“?

Приказната со кафулето започна пред некои 5 години кога така во еден миг се одлучив дека сакам да имам нешто свое со посебна декорација и креативност како и самиот град.

Името „Сибарита“ има свое значење и е наменето за оние луѓе што имаат малку префинет вкус и се научени на нешто поинакво од секојдневното.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 2

Какво е чувството и одговорноста да се има кафуле во Барселона?

Па јас некако веќе се чувствувам сигурно, оти да имаш кафуле во друг град значи да имаш способности за лесна адаптација и да се бидеш комуникативен и насочен спрема клиентите.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 4

Со какви луѓе постојано се среќаваш во твоето кафуле?

Кафулето е стационирано во дел на Барселона каде секој ден се среќаваме со исти луѓе од фирмите и исто така со луѓето што живеат во маалата.

Во летните денови точно е дека имав и покачен број на минувачи односно туристи. Но мојата цел беше да им бидам дел од секојдневието на сите нив и место кај што ќе се чувствуваат како дома.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 3

За сите овие години бројот на интересни настани што се случиле во „Сиберита“ сигурно е голем. Кои ти се најинтересните случки на кои постојано им се присетуваш?

Фасцинантно ми е како постарите луѓе уживаат да излезат од дома и да си го испијат своето омилено кафенце. Па како необични моменти и несекојдневни ми се родендените на моите најверни клиентки, а станува збор за луѓе во доцните осумдесетти.

Тие моменти ми се волшебни кога ќе им ги видите нивните насмевки и како тие се ведри и полни со позитивна енергија.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 6

Освен водење на кафулето, имаш и три станови кои ги издаваш на краток и подолг временски период. Како е да се работи со туристи во Барселона?

Да, точно е. Барселона не е само туристички град туку е и главен центар за бизнис конференции. Барселона нуди спектар на бизнис случки и таму јас се насочувам повеќе за таков тип на луѓе.

Но во одредени месеци исто така правам фокус и за сите типови на луѓе. Во главно луѓето се веќе запознаени со туристички знаменитости така да само треба да им се појаснат стварите во врска со транспорт.

Јас секогаш сум достапна за да им овозможам детали како и превозот што им го нудам од аеродромот до апартманот, што веќе е голем плус за нив…

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 1

Во многу различни градови во светот постојат заедници на луѓе од Македонија или генерално од Балканот, кои постојано комуницираат и се дружат. Постојат ли такви заедници и во Барселона?

Македонци во Барселона сме малку, но секако дека си се дружиме и поддржуваме интерно.

Балканци има повеќе и некоја конкретна мала заедница постои, но не очекувајте како во некои други европски градови. Сепак Барселона не е толку лесно достапен град во однос на престојот и работата.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 7

Според тебе кој е најдобриот кварт за живот во Барселона?

Барселона сите ја доживуваме како една топ туристичка дестинација и сите се одушевени со веќе познатите места.

За мене Барселона е многу повеќе од тие делови. Како еден кварт за мене посебен би го издвоила Eixample. Таму ми се најубавите и необични кафулиња и местенца со посебен дух.

Какви се луѓето што живеат во Барселона? Што е она што најмногу ти се допаѓа кај нив?

Весели, ведри, насмеани… Исполнети со позитивен дух и секогаш спремни за акција. Некако им се восхитувам како имаат време да постигнат сè… Посебно кога се во „афтерворк“ расположение, покрај напорен ден на работа.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 8

Како се забавуваат луѓето во Барселона и како изгледа едно викенд излегување?

Party non stop е она што го краси градот и туристите. Градот е жив и сè започнува со вечера, па со пијачки во некој локален бар со жива музика, запознавање на нови луѓе па одењето во ноќниот клуб. Па утредента тапаси и плажа.

Тоа е Барселона едноставно. Град на убави случки, прекрасни барови и незаборавни ноќни моменти. Жив, весел и насмеано ги очекува туристите.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 9

Од Саграда фамилија, музејот на Пикасо, па сè до Ноу Камп, паркот Гуел… но кои места што не се популаризирани, вредат да се посетат во Барселона?

Паркот Monjuic е преполн со ботанички градини и мислам дека е едно од местата кои треба да се посетат. Tibidabo и El Carmel планината е друга идеална ствар каде што можат да се доловат најубавите погледи на целиот град и пошироко.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 13

Како за крај, што е она што секој треба да го знае пред да се пресели во Барселона?

Љубовта спрема јазикот, симпатија спрема народот, да се биде комуникативен и да ја сакаат вревата и метежот.

Сепак Барселона знае да биде многу жив град, а посебно во пролета и летото. Да не зборуваме за време на фудбалски натпревари.

emilija mihajlovikj makedonka koja zivee vo barselona i ima svoe kafule makedonci vo barselona ima malku no se poddrzvame 10

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg