Ана е во брак со фудбалерот Чума Анене: „Се запознавме во Скопје, а сега водиме ‘живот во куфери’ – Норвешка ми е омилена“

„Се запознавме пред 7 години во Скопје, тој играше фудбал во ФК Работнички, но потоа потпиша договор во Русија. Се сеќавам спиевме и двајцата со слушалки на уши, и вклучен повик 24/7. Тој доаѓаше повремено во Скопје да ме види и јас одев во Русија. И така функциониравме 2 години, потоа уште 2 години додека играше и во Казахстан. Овој период од врската ни беше посебен и нема никогаш да го заборавам …“, раскажува Ана Најдовска (31) од Скопје, која моментално со сопругот и ќерката живее на Кипар.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-001.jpg

Ана Најдовска (31) од Скопје, завршила средно училиште во Корчагин и дипломирала на ФОН, на Факултетот за странски јазици. Во брак е со фудбалер Чума Анене и заедно ја имаат прекрасната ќеркичка Оланна. Чума е по потекло од Нигерија, но е роден и израснат во Осло, Норвешка.

Поради професијата на сопругот, тие се навикнати на селење и „живот во куфери“ и во последните 6 години имаат живеено во 5 различни земји – Русија, Казахстан, Норвешка, Данска и сега во Кипар, a како ѝ изгледа животот таму споделува на нејзиниот Инстаграм профил.

За CRNOBELO.com Ана споделува детали од нивната љубовна приказна, но и како изгледа „животот во куфери“:

Како се запознавте со сопругот? Раскажи ни ги најинтересните детали од вашата љубовна приказна…

Се запознавме пред 7 години во Скопје, тој играше фудбал во ФК Работнички, се запознавме преку наш заеднички познаник. Ми остави ептен убав впечаток, беше многу фин, културен, и зборлив. И јас по природа сум муабетчика, па така имавме многу заеднички теми на разговор, и можеби звучи клише, но едноставно „кликнавме“ уште од тој момент.

Две седмици потоа комунициравме само преку пораки, и многу ме освои тој период, секој ден знаеше да направи да се чувствувам посебно. Многу беше внимателен, но и доста упорен да одиме на состанок.

Бевме на вечера на суши и супер си поминавме. И така, по некое време јас бев за првпат на 25 години заљубена како тинејџерка со пеперутки.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-21.jpeg

Страв ми беше дека сè што е убаво кратко трае, бидејќи 7 месеци подоцна договорот во Работнички му заврши и потпиша нов во Русија. Тоа беше вистински тест за нашата врска, да успееме да ја одржиме на далечина.

Се сеќавам спиевме и двајцата со слушалки на уши, и вклучен повик 24/7. Тој доаѓаше повремено во Скопје да ме види и јас одев во Русија. И така функциониравме 2 години, потоа уште 2 години додека играше и во Казахстан. Овој период од врската ни беше посебен и нема никогаш да го заборавам.

После 4 години врска, во 2019-та година се преселивме во Норвешка, сопругот е инаку роден во Норвешка, Осло, па така таму веќе бевме како „дома“, со неговата фамилија. Таму се роди и Оланна, најубавото нешто што ни се случило во нашите животи.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-06.jpeg

Иако имавме премногу исполнета врска, со многу патувања, случувања, фудбалски настани, нови живеалишта, искуства, пријатели … Откога се роди Оланна сфативме колку ништо од тоа не е значајно и вредно колку што е ова мало човече. Што дефинитивно беше делот од нашата сложувалка што недостигал за да бидеме комплетни.

Каде беа запросувањето и свадбата?

Кога Оланна имаше 6 месеци бевме во Скопје, а тогаш сопругот играше во Англија. Дојде да нè види и да бидеме заедно за Божиќ, јас имав закажано новогодишна фотосесија за сите тројца да си направиме фамилијарни слики за спомен.

Па. така тој го искористи тој момент да ме запроси, што мене многу ме изненади, беше интимно и плус снимено со камера, па така засекогаш ќе го имаме тоа видео (и фотографии) како спомен.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-25.jpeg

Една година подоцна, во Данска се регистриравме и имавме мала прослава. Поголема свадба сакаме да направиме, но со корона ситуацијата некако сите планови останаа неизреализирани.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-24.jpeg

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-23.jpeg

Од каде потекнува сопругот? Си ја посетила ли неговата родна земја?

Чума е по потекло од Нигерија, но роден и пораснат е во Осло, Норвешка. До сега двапати бил во Нигерија, и јас имам многу голема желба да одиме заедно посебно сега кога Оланна е поголемка, мислам дека тоа ќе биде преубаво искуство за сите нас.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-11.jpeg

Кои македонски навики и традиции му беа најчудни на почетокот?

Со тоа што од 15 години почнал да игра професионален фудбал, тоа му налагало често да патува и да живее во различни земји, со различни култури, јазици, храна … Така и во Македонија многу лесно се навикнал на храната, начинот на живот, па дури и го научи македонскиот јазик.

Нешто што му беше необично на почеток е тоа што кога ќе дојдеше кај нас на ручек тоа значи дека треба да седнеме сите на маса, и да седиме така неколку часа со муабети, јадење и пиење.

Мајка ми стандардно го прејадуваше, а него му беше незгодно да каже не, па така мене ми се жалеше дека го боли стомакот.

Исто така многу му беше чудно на почетокот што скоро секој ден одиме некаде на кафе. А сега тоа е и наша рутина иако тој не пие кафе, сепак секој ден си седнуваме некаде.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-26.jpeg

Кое му е омилено македонско јадење? И што вели какви се Македонките во љубовните врски/брак?

Омилено македонско јадење баш и нема некое посебно, многу сака смоки и бурек со месо.

Не бил со други македонски девојки во врска, па не може многу да спореди и каже. Потекнува од доста религиозно семејство и ги почитува поважните карактеристики кај жените како лојалност, посветеност, традиционалните погледи, силни морални вредности и слично.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-22.jpeg

Како е да се води „живот во куфери“? Кои се позитивните, а кои негативните страни?

Јас постојано се лутам дека цела моја гардероба е на сите страни низ светот оставена. Имам два полни куфери во Осло, два во Скопје, што никако не можам да стигнам да си ги земам со мене.

Позитивните страни на ваквиот живот се секако патувањата, секое место е ново искуство, нова средина, нови пријатели, нов дом… возбудливо е. Среќа јас не се врзувам многу за едно место, брзо ми здосадува, па така баш кога ќе ни здосади веќе се селиме на некоја друга дестинација.

Негативните страни се тие што немаме постојан дом, Оланна нема нејзина постојана соба, нејзини играчки, се мислиш дали да купиш кафемат (по 4-ти пат) бидејќи ќе треба да си одиш пак за некој месец …

На пример имавме прекрасни пријатели со кои се дружевме во Казахстан и требаше да си одиме и да се разделиме. Тоа ми падна навистина тешко или кога Оланна се роди и направивме преубава соба и после два месеци Чума потпиша нов договор во Англија и мораше да си одиме и да оставиме сè.

ana-e-vo-brak-so-fudbalerot-chuma-anene-se-zapoznavme-vo-skopje-a-sega-vodime-zhivot-vo-kuferi-norveshka-mi-e-omilena-28.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg