Антоанела Филева патува низ светот: „Во Јапонија има автомати за бубачки, а тоалетите им се на сензор и мерат крвен притисок“

„Јапонија е земја којашто се разликува од сите други земји што сум ги посетила. Носењето на заштитни маски беше сосема нормално кај нив уште пред да се појави Ковид19 вирусот и ми беше многу чудно, па разбрав дека ги носат маските девојките што сакаат да ги покриваат нивните лица кога немале време/не сакале да се нашминкаат или луѓе кои сакаат да покажат дека не им се комуницира премногу...“, раскажува Антоанела Филева (25) доктор по општа медицина, за CRNOBELO.com.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-01.jpg

Антоанела Филева (25) од Скопје, е доктор по општа медицина и вљубеничка во патувањата.

Таа досега има посетено повеќе од 20 земји. Последната во низата ѝ е Мексико, за каде вели дека плажите се рај, но сепак најсилен впечаток ѝ има оставено Јапонија.

За CRNOBELO.com таа споделува искуства од своите патувања:

Колку земји имаш посетено досега и која е најдалечната земја што си ја посетила?

Околу 20 земји, а Јапонија е најдалечната земја што ја имам посетено. Тоа беше едно несекојдневно искуство.

Јапонија е сосема различна од сите земји коишто сум ги посетила досега, според културата, начинот на живеење, храната, традицијата и начинот на облекување.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-03.jpg

Кој е најубавиот град, според тебе, што си го посетила досега?

Рио де Жанеиро е најубавиот град кој го имам посетено, бидејќи целиот град излегува на најубавите плажи Копакабана и Ипанема и од секоја страна се гледа џиновската статуа од Исус Христос.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-12.jpg

Најинтересна ситуација што ти се случила за време на некое патување…

Тоа би било скијање во Германија за време на летен период во јули месец, тоа беше едно од моите најинтересни искуства.

Целосно затворен центар за скијање со ниски температури и вештачки снег, се изнајмува целосна ски опрема и се скија по цел ден, со пабови и предобро пиво. Екстра искуство.

Највкусна храна има во…

Највкусна храна има во Бразил, имаат превкусно месо, неодоливо амазонско овошје, богати благи десерти, па сè до традиционални бразилски оброци.

Но, сепак би кажала дека и мексиканската храна ми остави голем впечаток, одлични такоси и ќесадиљи кои се вклопуваат одлично со маргарита коктел.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-23.jpg

Најубави мажи има во…

Хмм, би рекла дека најубави мажи има во Бразил. Латиноамериканците посветуваат многу време на својот изглед и скоро сите изгледаат фит.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-04.jpg

Најмногу те изненади…

Јапонија ме изненади најмногу со чистотата и зеленилото. Иако се многубројно население се функционира беспрекорно, од сообраќај со возила, метроа, па сè до редици за влез во маркети. Многу се дисциплинирани како народ и се премногу љубезни.

Ако заборавиш паричник или телефон на улица шансите да ти го вратат се 99%. Користат стапчиња за јадење и ретко кога имаат по ресторани обичен прибор за јадење. Имаат најразлични чоколатца кои се продаваат, a најкарактеристични им беа „Кит Кет“ кои ги имаат во сите вкусови од зелен чај, мача, па до вкус на саке.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-02.jpg

Најубавата плажа за тебе е…

Ова е доста тешко прашање ама би рекла дека како плажите во Мексико досега не сум посетила. Навистина се прекрасни. Долги песочни плажи,тиркизна чиста вода и безброј палми.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-14.jpg

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-20.jpg

Каде живеат најљубезните луѓе?

Дефинитивно тоа е во Јапонија. Прељубезен народ, гостопримливи, весели и секогаш спремни да помогнат за било што.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-24.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg