Антоанела Филева патува низ светот: „Во Јапонија има автомати за бубачки, а тоалетите им се на сензор и мерат крвен притисок“
Носиш ли сувенири од земјите во кои патуваш?
Да, доста често си купувам магнети за на фрижидер или по некој сувенир за дома. Остануваат како спомен од секое патување.
Доколку можеш да бираш, каде би сакала да живееш?
Мислам дека тоа би било место кое излегува на море, дефинитивно би сакала да живеам некаде каде што ќе можам да испијам кафе покрај море.
Како ги организираш патувањата? Некој совет за оние кои сакаат да посетат далечни дестинации, но немаат храброст да се зафатат со организација?
Обично моите патувања ги планирам порано, секогаш прво пребарувам можности за летови и сместување.
Потоа, разгледувам места кои се „must see“ за тој град и пробувам да најдам онлајн тури за до нив. Пред тргнување обично имам напишано план кој ден што ќе се посетува и така полесно ми е за организација.
Која е твојата наредна дестинација?
Наредна дестинација ми е Копаоник, да се искористи сезонава за скијање.
Повеќе фотографии од патувањата на Антоанела:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело